Мери Луиза Вилард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мери Луиза Вилард
Роден19 мај 1898(1898-05-19)
Стејт Колеџ, Пенсилванија
Починал17 април 1993(1993-04-17) (возр. 94)
НационалностАмериканка
ПолињаМикроскопија и форензички науки
УстановиДржавен Универзитет Пенсилванија
ОбразованиеДржавен Универзитет Пенсилванија, Универзитет Корнел

Мери Луиза Вилард (19 мај 189817 април 1993) беше меѓународно позната по нејзината работа во областа на микроскопијата и форензичките науки. Почнува со работа на Државниот Универзитет Пенсилванија како асистент во 1921, а се пензионира како професор емеритус во 1964. Им помага на полициските службеници низ целата нејзина кариера и по формалното пензионирање, честопати без паричен надоместок за тоа.

Образование и кариера[уреди | уреди извор]

Мери Луиза Вилард е родена на 19 мај 1898[1] на кампусот на Државниот Универзитет Пенсилванија во семејството на Џозеф Муди Вилард и Хенриетта Нан.[2] Нејзиниот татко бил професор на овој универзитет.[3]

Дипломира хемија во 1921 и станува асистент во одделот за хемија. Во 1923, кога магистрира по органска хемија, станува инструктор. Во 1927 докторира на Универзитетот Корнел каде работи со Вилијам Ридџели Орндорф.[4] Тогаш станува асистент професор на Државниот Универзитет Пенсилванија. Во 1938 станува редовен професор, а официјално се пензионира во 1964, кога станува професор емеритус и продолжува со својата работа во областа на криминологијата.[1]

Објавува над 40 статии за хемија и криминологија, како и лабораториски прирачници за хемиска микроскопија.[1] Помеѓу нејзините публикации е и кратка монографија со наслов Жени пионери во хемијата.[5] Од 1942, таа станува асистент уредник на списанието Микрохеми (Микрохемика Акта).[2]

Форензика[уреди | уреди извор]

Мери Вилард специјализира во микрохемиска анализа. Користи различни техники, вклучувајќи инфрацрвена и ултравиолетова спектроскопија, масена спектрометрија, гасна хроматографија и нуклеарна магнетна резонанса. Посебно внимание ѝ посветува на кристалографијата на деформираните кристали.[1]

Нејзиното прво истражување на кривично дело се случува во 1930, кога анализира алкохол од прекршување на забрана.[1] Низ нејзината кариера им помага на полициските службеници како вештак, честопати без плата. Истрагите на Вилард вклучуваат убиства, самоубиства и автомобилски несреќи. Застапник е за користење на анализа на косата и крвта во идентификација на оружјето со кое е извршено убиство. Во еден случај, во 1950-тите, успева да одреди дека влакното пронајдено на шилците од железница е од дете, а не од куче.[6] За други случаи одредува пневматици и глинени примероци од чизми.[7] Институциите во кои помага ги вклучуваат Сурете, Скотланд Јард и Интерпол, како и повеќе локални полициски станици.[8] Според некои пресметки, Вилард била контактирана од локалните полициски станици на дневна база, а се појавува во суд барем еднаш месечно. Питсбург Прес ја нарекува „Лејди Шерлок“.[7]

Предавања[уреди | уреди извор]

Основач на Иота поглавјето на Алфа Алфа Стејт Делта Капа Гама Интернешенал на 1 март 1947,[9] позната е по тоа што предава и на машки и на женски ученици.[3][6][10] Понекогаш им дозволувала на нејзините ученици да добијат искуство од прва рака, при што помагале во тестирањето на материјали во криминалните истраги на кои работела Мери.[11]

Мери Вилард умира на 17 април 1993.[1] Нејзините трудови се наоѓаат во архивите на Државниот Универзитет Пенсилванија.[12]

Во нејзина чест, во 2009 почнува да се доделува стипендијата Мери Вилард Трусти, која им дава предност на студентите на форензички науки на Колеџот за науки Еберли.[10][11]

Одликувања и награди[уреди | уреди извор]

Вилард е член на Американското хемиско друштво (1921),[1] Американскиот институт на хемичари и на Американската асоцијација за напредок на науката.[6] Добитник е на бројни одликувања, вклучувајќи ги следниве:

  • 1947, прва жена претседавач со отсекот за аналитичка и микрохемија при Американското хемиско друштво[3][13]
  • 1955, втора жена која е признаена од Американскиот институт на хемичари за "извонредни напори во унапредување на професионалната жена хемичар"[3]
  • 1957, почесен член на Полицискиот братски ред[12]
  • 1959, прв човек што ќе биде наведен од државата Пенсилванија за "извонредност во преавањата"[3][6]
  • 1965, Жена на годината во Пенсилванија[3]
  • 1965, почесен член на Австриското микрохемиско друштво (четврти американски државјанин со ваква почест)[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Mary L. Willard, 94“. Chemical & Engineering News: 40. May 17, 1993.
  2. 2,0 2,1 Ogilvie, Marilyn Bailey; Harvey, Joy Dorothy (2000-01-01). The Biographical Dictionary of Women in Science: L-Z. Willard, Mary Louisa (1898–?). Taylor & Francis. ISBN 9780415920407.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 „Her Stories: Mary Louisa Willard“. Centre County Historical Society. Архивирано од изворникот на 2017-05-10. Посетено на 26 April 2016.
  4. Orndorff, W. R.; Willard, Mary L. (May 1929). „Hydroxyhydroquinolsulfonephthalein, 2', 4', 5'-trihydroxybenzoylbenzene-ortho-sulfonic acid (the intermediate acid) and some of their derivatives“. Journal of the American Chemical Society. 51 (5): 1466–1474. doi:10.1021/ja01380a024. Посетено на 26 April 2016.
  5. Willard, Mary Louisa (1940). Pioneer Women in Chemistry. State College, Pennsylvania: University of Pennsylvania Press.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Stout, Lee (2007). „CSI Pioneer Was an Influential, Beloved Figure“. Science Journal. 26 (Spring). Архивирано од изворникот на 2018-07-02. Посетено на 27 April 2016.
  7. 7,0 7,1 Clarke, Peter F. (October 19, 1958). „Lady Sherlock“. The Pittsburgh Press. Посетено на 27 April 2016.
  8. Sonenklar, Carol (2006). We are a strong, articulate voice : a history of women at Penn State. University Park, Pa.: Pennsylvania State Univ. Press. стр. 47. ISBN 978-0271028576.
  9. „History of Iota Chapter Alpha Alpha State Delta Kappa Gamma International“. Delta Kappa Gamma Society International. Посетено на 26 April 2016.
  10. 10,0 10,1 „Penn State alumnus endows Mary Willard Trustee Scholarship“. Penn State News. April 21, 2009. Посетено на 26 April 2016.
  11. 11,0 11,1 „Mary Willard Trustee Scholarship Created by Bob and Ruby Adams“. Penn State Eberly College of Science. Архивирано од изворникот на 2017-05-12. Посетено на 26 April 2016.
  12. 12,0 12,1 „Mary L. Willard papers, 1933–1980“. ArchiveGrid. Посетено на 26 April 2016.
  13. „Division of Analytical Chemistry Completes 20 Years of Activity“. Analytical Chemistry. 31 (4): 17A–28A. April 1959. doi:10.1021/ac50164a711.