Мери Ен Милер
Мери Ен Милер | ||
Родена | 1819 Лондон | |
---|---|---|
Починала | 18 јули 1901 Нов Зеланд | |
Позната | активист за женски права |
Мери Ен Милер (англиски: Mary Ann Müller; 1819 или 1820—18 јули 1901) била новозеландска активистка за женски права, вклучувајќи и женско право на глас. „Речникот на новозеландски биографии“ (Dictionary of New Zealand Biography) ја нарекол „пионирка на новозеландското суфрежетско движење.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Родена е во Лондон, во 1819 или 1820 година, а се преселила на Нов Зеланд во 1849 со своите два сина, и ако не е познато дали била вдовица или го оставила својот сопруг поради неговата свирепост. Две години работела како учителка во Нелсон, а потоа се омажила за хирургот Стивен Лан Милер, кој исто така бил британски имигрант. Познато е дека нејзиниот претходен сопруг умрел пред да стапи во новиот брак.[1]
Во 1864 година, се запознала со бритаската активистка за женски права, Марија Рај, која во тоа време била на посета во Нов Зеланд, и после тоа Мери Ен Милер почнала да се интересира за активностите на феминистичкото движење во Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави. Исто така почнала да пишува статии за женските права, кои нејзиниот пријател Чарлс Елиот, уредник на весникот „Нелсон Егзаминер“ (Nelson Examiner) ги објавил во својот весник. Мери Ен Милер пишувала под псевдоним Фемина (Fémmina), првенствено затоа што нејзиниот сопруг кој бил локален политичар, се спротивставувал на нејзините ставови.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 "Müller, Mary Ann", Речник на новозеландски биографии