Мери Џеј Блајџ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мери Џеј Блајџ
Блајџ за време на интервју во февруари 2022 година
Роден(а)Мери Џејн Блајџ
11 јануари 1971(1971-01-11)(53 г.)
Њујорк, САД
Занимање
  • Пејачка

  • текстописец
  • глумица
  • музички продуцент
  • моден дизајнер
  • бизнисменка
Активен период1988–денес[1]
СопружникМартин „Кенду“ Исак (в. 2003; раз. 2018)

Мери Џејн Блајџ (англиски: Mary Jane Blige; родена на 11 јануари 1971 година) [2] позната како Мери Џеј Блајџ (Mary J. Blige) ― американска пејачка, текстописец и глумица.

Честопати се нарекува „Кралица на хип-хоп соулот“ и „R&B кралица“; Мери Џеј Блајџ има освоено девет Греми награди, Еми награда, четири Американски музички награди, дванаесет NAACP награди и дванаесет Билборд музички награди, меѓу кои и Наградата за икона на Билборд. Била номинирана за три награди Златен глобус и две награди Оскар, една номинација за споредната улога во филмот „Мадбаунд“ (2017) и уште една за нејзината оригинална песна „Mighty River“, со што станала прва личност номинирана за глума и пишување песни во истиот година.

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

1971–1991: Ран живот и почетоци на кариерата[уреди | уреди извор]

Мери Џеј Блајџ е родена на 11 јануари 1971 година, во Бронкс, Њујорк. Мајка ѝ Кора била медицинска сестра, а татко ѝ Томас Блајџ бил џез-музичар.

Раното детство го поминала во Ричмонд Хил, Џорџија, [3] [4] каде пеела во пентекостална црква. [5] Подоцна со семејството се преселила во Јонкерс во Њујорк.[6] Откако нејзиниот татко го напуштил семејството кон средината на 1970-тите нејзината мајка го издржувала семејството. [7] Татко ѝ бил ветеран од Виетнамската војна и страдал од посттрауматско стресно растројство и алкохолизам.[6]

Сакајќи да започне музичка кариера, Блајџ кратко време била член на бенд од Јонкерс - Pride. Во 1989 година потпишала за Uptown Records како резервен вокал за уметници, [8] и станала најмлад уметник и прва жена која потпишала со продукциската компанија.[5]

1992–1996: What's The 411? и My Life[уреди | уреди извор]

Откако потпишала за Uptown, Блајџ започнала да работи со продуцентот на плочи Шон Комбс, познат и како Паф Деди.[9] Тој станал извршен продуцент и го продуцирал најголемиот дел од нејзиниот прв албум.[10] На 28 јули 1992 година, Uptown / MCA Records го објавил What's the 411?, кој бил добро примен од критичарите.[11] Со албумот Мери Џеј Блајџ се етаблирала како динамичен раскажувач чиишто изведби на љубовниот наратив се засноваат на нејзините музички влијанија и на нејзините искуства како жена од хип-хоп генерацијата.[12] Албумот се искачил на шестото место на Билборд 200, и на врвот на топ листите за ар-ен-би/хип-хоп албуми.[13] Бил трипати сертифициран за платинест од RIAA. Блајџ станала најуспешна нова R&B музичарка во САД за 1992 година.[14]

По успехот на нејзиниот деби албум и ремикс верзијата од 1993 година, Блајџ зимата 1993 година започнала да го снима својот втор албум, My Life.[15] Блајџ во тој период била во клиничка депресија, се борела со дрогата и со алкохолот - а била и во навредлива врска со Кеј-Си Хејли.[16] [17] На 29 ноември 1994 година, Uptown/MCA го објавил албумот My Life кој исто така добил позитивни критики. Албумот се искачил на седмото место на американскиот Билборд 200 и на првото место на топ листите за ар-ен-би/хип-хоп албуми; во првата недела се продал во 481.000 примероци и останал на врвот на топ-листата за R&B/хип-хоп албуми цели осум недели. Во 2002 година, магазинот Blender на својата листа од 100 најдобри американски албуми на сите времиња го рангирал албумот My Life на 57-то место.[18] Следната година, Ролинг Стоун го ставил на 279 место на нивната листа 500 најдобри албуми на сите времиња,[19] и во 2006 година, албумот се нашол на листата од 100 најдобри албуми на сите времиња од магазинот Тајм.[20]

Во 1996 година го снимила синглот „Not Gon' Cry“, како саундтрак за филмот Waiting to Exhale. Синглот се продал во платинест тираж се искачил на второ место на Billboard Hot 100 и на прво место на Hot R&B/Hip-Hop Songs. Истата година Блајџ била номинирана за Греми во две категории, а ја освоила наградата за најдобра рап изведба од дуо или група за дуото со Метод Мен - „ I'll Be There for You/You're All I Need to Get By “. Набргу потоа, Блајџ го пеела рефренот во пробивниот сингл на Џеј Зи, „Can't Knock the Hustle“, од неговиот деби албум Reasonable Doubt (1996).

1997–2000: Share My World и Mary[уреди | уреди извор]

Блајџ во 1998 година

На 22 април 1997 година, MCA Records го издала третиот албум на Мери Џеј Блајџ, Share My World. Албумот бил направен во време кога Блајџ се обидувала да си го „среди животот“, и се обидувала да прекине со дрогата и алкохолот, како и да стави крај на врската со Хејли. Во февруари 1997 година, Блајџ била номинирана за најдобра женска R&B вокална изведба за песната „Not Gon' Cry“. На почетокот од 1998 година, на Американските музички награди ја освоила наградата за „Омилен соул/Р&Б албум“. Летото тргнала на турнеја „Сподели го мојот свет“, од која произлегол албум во живо објавен подоцна истата година, насловен „The Tour“.

На 17 август 1999 година Мери Џеј Блајџ го објавила четвртиот албум, под наслов Mary. Со овој албум отстапила од нејзината музика ориентиран кон хип хоп; овој албум имал поприбрана, каприциозна и позрела збирка песни, кои потсеќаат на соулот од 1970-тите до раните 1980-ти. Албумот бил критички пофален, станал дотогаш нејзин најноминиран албум и се продал во двоен платинест тираж. Во 2001 година, била објавена компилација само за Јапонија, Балади. Албумот содржел препеви на песната „Overjoyed“ од Стиви Вондер, „(You Make Me Feel Like) A Natural Woman “ од Арета Френклин и „Misty Blue“ од Дороти Мур. Во 1999 година, Џорџ Мајкл и Мери Џеј Блајџ ја препеале песната „As“ напишана од Стиви Вондер.

2001–2004: No More Drama и Love & Life[уреди | уреди извор]

Blige во Хамбург, Германија, 2000 година

На 28 август 2001 година, MCA го издала петтиот студиски албум на Блајџ, No More Drama. Првиот сингл на албумот, „Family Affair“ (продуциран од д-р Дре ) станал нејзин прв и единствен сингл кој се искачил на првото место на Billboard Hot 100, каде што останал шест последователни недели. Иако албумот се продал во речиси два милиони примероци во САД, MCA била незадоволна продажбата, и го препакувала и повторно го објавила албумот на 29 јануари 2002 година. Повторното објавување No More Drama имала нова обвивка, биле избришани три песни од оригиналната верзија, и биле додадени две сосема нови песни. Блајџ добила Греми за „Најдобра женска R&B вокална изведба“ за песната „He Think I Don't Know“. Во април 2002 година, на шоуто VH1 Divas во живо во Лас Вегас, Блајџ заедно со Шакира ја испеала песната „Love Is a Battlefield “, а исто така ги извела „ No More Drama “ и „Rainy Dayz“ во дует со повратничката Витни Хјустон.

На 22 јули 2002 година, MCA го објавила Dance for Me, збирка од клубски ремикси на некои од нејзините поранешни хитови.

На 26 август 2003 година, шестиот албум на Блајџ Love & Life беше издаден од Geffen Records (која ја купила MCA Record) Блајџ за овој албум соработувала со нејзиниот поранешен продуцент Шон Комбс. Поради нивниот успех со What's the 411? и My Life, очекувањата од овој албум по повторното обединување биле големи.

Иако албумот дебитирал на првото место на Билборд 200 и бил четврти последователен албум на Блајџ во топ десет во Обединетото Кралство, носечкиот сингл „Love @ 1st Sight“ продуциран од Диди, а отпеан со Метод Мен, едвај се пробил меѓу првите десет на Hot R&B/Hip-Hop Songs, а не се нашол ни меѓу првите дваесет на Hot 100. Следниве синглови, „Ooh!", "Not Today" "Whenever I Say Your Name" со Стинг, и "It's a Wrap" поминале уште полошо.

Овој албум станал прв албум на Блајџ по шест години кој дебитирал на првото место на Билборд 200, и во првата недела биле продадени 285.298 примероци.[21] Албумот бил номиниран за најдобар современ R&B албум на 46-те Греми награди.

2005–2006: The Breakthrough и Reflections – A Retrospective[уреди | уреди извор]

Блајџ настапува за време на НФЛ натпревар во септември 2003 година во Вашингтон

Geffen Records го издале седмиот студиски албум на Блајџ, The Breakthrough на 20 декември 2005 година. Дебитирал на првото место на топ листите на Билборд 200 и на листите за топ R&B/хип-хоп албуми. Со продадени 727.000 примероци во првата недела, станал најпродаван R&B албум во првата недела од соло женски изведувач во историјата на SoundScan,[22] [23] петти најпродаван албум во првата недела од женски изведувач и четвртото најголемо деби во 2005 година.

Водечкиот сингл, „Be Without You“, се искачил на трето место на Billboard Hot 100, и на прво место на R&B листата при што поставил рекорд со петнаесет последователни недели поминати на прво место; на листата се задржал повеќе од шеснаесет месеци. Со The Breakthrough Блајџ освоила девет <i id="mwAfE">Billboard</i> музички награди, две Американски музички награди, две BET награди, две NAACP Image Awards и Soul Train Award. Таа добила осум номинации за Греми награди во 2007 година. „Be Without You“ била номинирана и за „Запис на годината“ и за „Песна на годината“. Блајџ освоила три Греми награди: „Најдобра женска R&B вокална изведба“, „Најдобра R&B песна“ (и двете за „Be Without You“) и „ Најдобар R&B албум“ за The Breakthrough.[24] Блајџ во ноември 2006 година освоила две Американски музички награди, [25] а во декември истата година девет Билборд музички награди.[26]

Во декември 2006 година била објавена компилација насловена како Reflections (A Retrospective). Ги содржела најголемите хитови на Блајџ и четири нови песни, меѓу кои била и „We Ride (I See the Future)“. На саундтракот од филмот Боби од 2006 година, Блајџ заедно со Арета Френклин и Harlem Boys Choir ја отпеала главната песна „Never Gonna Break My Faith“ која била напишана од Брајан Адамс. Песната била номинирана за Златен глобус и ја освоила наградата Греми за најдобра госпел изведба на 50-тото годишно доделување Греми награди.

2007–2008: Growing Pains[уреди | уреди извор]

Блајџ на настап во јули 2007 година

Осмиот студиски албум на Блајџ, Growing Pains, бил објавен на 18 декември 2007 година. Дебитирал на второ место на Билборд 200 и на прво место на топ листите за R&B/хип-хоп албуми. Во својата прва недела бил продаден во 629.000 примероци. Во својата втора недела, албумот се искачил на прво место со што станал четврти број еден албум на Блајџ. Песната „Just Fine“ била номинирана за наградата Греми за „Најдобра женска R&B вокална изведба“, а на наградите Блајџ ја освоила наградата за „Најдобра R&B изведба на дуо или група со вокали “ за дуетот со Чака Кан „Disrespectful“ (од албумот на Кан, Funk This), песна напишана од Блајџ.

Блајџ заедно со 50 Cent ја отпеале песната „All of Me“ која се нашла на неговиот албум од 2007 година, Кертис. Во март 2008 година, Мери Џеј Блајџ била на турнеја со Џеј Зи, а заедно ја објавиле песната насловена „You're Welcome“. Во истиот период, кабелската мрежа BET емитувала специјална емисија за Блајџ со наслов Еволуцијата на Мери Џеј Блајџ, во која се обработувала нејзината кариера. Албумот Growing Pains бил номиниран и ја освоил Греми наградата за „Најдобар современ R&B албум“, на 51-те Греми награди одржани на 8 февруари 2009 година, со што Блајџ за само една деценија ја заработила својата 27-ма номинација за Греми.

2009–2010: Stronger with Each Tear[уреди | уреди извор]

Blige на настап во септември 2010 година

Деветтиот студиски албум на Блајџ, Stronger with Every Tear, бил издаден на 21 декември 2009 година. Дебитирал на второ место на Билборд 200 и на прво место на топ листите за R&B/Hip-Hop Албуми. Блајџ ја снимила „Stronger“, како главен сингл од саундтракот за кошаркарскиот документарец „Повеќе од игра“ во август 2009 година.

На доделувањето на Греми наградите во 2010 година, Блајџ и Андреа Бочели ја извеле песната „Bridge over Troubled Water“. Блајџ, исто така, учествувала во We Are the World 25 за Хаити во февруари 2010 година, и го испеала делот кој во оригиналната верзија на We Are the World од 1985 година го пее Тина Тарнер. На 41-то издание на NAACP наградите, Блајџ за Stronger with Each Tear ја освоила наградата за најдобар женски изведувач и најдобар албум.[27] На 18 ноември 2010 година, Билборд на својата Топ 50 R&B/хип хоп изведувачи за претходните 25 години ја ставил Мери Џеј Блајџ на прво место. Била на второ место во севкупен пласман.[28]

2011–2013: My Life II... The Journey Continues (Act 1) и A Mary Christmas[уреди | уреди извор]

Блајџ на сцената на фестивалот Рагамафин во Сиднеј, Австралија во јануари 2011 година

Во јануари 2011 година, Hot 97 премиерно ја прикажаа песната на Blige „Someone to Love Me (Naked)“ заедно со вокалот од Лил Вејн.[29] Во јули 2011 година, Blige ја објавила песната „The Living Proof“ како главен сингл од саундтракот за филмот Помош (The Help).[30] На 24 јули, VH1 премиерно го прикажал нивниот трет Behind the Music во кој се прикажувал нејзиниот личен живот и кариа. Во август 2011 година, Блајџ го издала својот прв сингл од албумот, „25/8“. Десеттиот студиски албум на Блајџ, My Life II... The Journey Continues (Act 1), бил објавен во ноември 2011 година.[31] Албумот, бил снимен во Лос Анџелес и Њујорк, а бил продуциран од Кање Вест и Андердогс.[32] Вториот сингл „Mr. Wrong“ со канадскиот рапер Дрејк бил најуспешен сингл од албумот. Другите објавени песни, имале само умерен успех. Албумот дебитирал на 5-то место на Билборд 200, и во првата недела биле продадени 156.000 примероци; во 2012 година со продадени 763.000 примероци во САД достигнал златен тираж.[33]

На почетокот од 2013 година, се расчуло дека Блајџ снима божиќен албум. Албумот, насловен како A Mary Christmas бил објавен на 15 октомври 2013 година. Во албумот Мери Џеј Блајџ соработува со Барбра Стрејсенд, The Clark Sisters, Марк Ентони и Џеси Џеј. На почетокот од декември, A Mary Christmas станал 12-ти топ десет албум на Блајџ откако во својата осма недела се искачил на 10-то место.[34]

2014–2019: The London Sessions и Strength of a Woman[уреди | уреди извор]

Блајџ на настап за време на Државната вечера за претседателот Франсоа Оланд од Франција, 2014 година

На 17 јуни на Epic Records го објавил Think Like a Man Too (Music from and Inspired by the Film), во кој имало нови песни од Мери Џеј Блајџ, како и синглот „Suitcase“.[35] Блајџ снимила музички сет од филм и инспириран од него. Во Соединетите Држави, Think Like a Man Too дебитирал на 30-то место на Билборд 200, и со 8.688 продадени копии во првата недела станал нејзин најслабо продаван студиски албум.[36]

На 9 јули 2014 година, било објавено дека Блајџ ќе се пресели во Лондон за да експериментира со нов звук за нејзиниот нов албум.[37] Блајџ поминала еден месец во Лондон и го снимала својот албум во студиото RAK. Десет нови песни, ко-напишани и снимени од пејачката, биле објавени на 24 ноември 2014 година, во албум насловен The London Sessions. [38] Истиот месец таа објавила дека ги напуштила Гефен и Интерскоп и потпишала со Капитол рекордс.

На 28 април 2017 година, бил објавен нејзиниот тринаесетти студиски албум Strength of a Woman“. [39] Се искачил на трето место на Билборд 200, на второто место на топ листите за R&B/хип-хоп албуми.[40]

На 23 јуни 2019 година, на BET наградите, ја добила наградата за животно дело за нејзиниот извонреден придонес во музичката индустрија.[41] На 25 јуни, списанието Њујорк Тајмс ја навел Мери Џеј Блајџ меѓу стотиците уметници чиј материјал бил уништен во пожарот на Универзал во 2008 година.[42]

2021 – денес: Good Morning Gorgeous и соработка со Д-р Дре[уреди | уреди извор]

Во јуни 2021 година, Блајџ со објавување на документарниот филм „Мојот живот од Мери Џеј Блајџ“ во режија на Ванеса Рот ја прославила 25-годишнината од нејзиниот албум „My Life“ (Мојот живот).[43] [16]

Во декември 2021 година, било објавено дека Блајџ основала сопствена продукциска куќа Мери Џејн Продукција. По ова објавувила два нови сингла, „Good Morning Gorgeous“ и „Amazing“ со диџеј Калед. Песните се сместени на четиринаесеттиот студиски албум на Блајџ насловен Good Morning Gorgeous, кој бил објавен на 11 февруари 2022 година. [44]

На 17 февруари, Блајџ во радио емисијата <i id="mwA1M">The Breakfast Club</i> изјавила дека работи на албум кој ќе биде целосно продуциран од Д-р Дре.[45]

Во мај 2022 година, TIME ја навел Мери Џеј Блајџ меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот.[46] Во септември 2022 година, ѝ била доделена наградата „Еми за ударен термин“ за шоуто на полувремето на 56-тиот Супер Боул.[47]

Актерска кариера[уреди | уреди извор]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми:

  • What's the 411? (1992)
  • My Life (1994)
  • Share My World (1997)
  • Mary (1999)
  • No More Drama (2001)
  • Love & Life (2003)
  • The Breakthrough (2005)
  • Growing Pains (2007)
  • Stronger with Each Tear (2009)
  • My Life II... The Journey Continues (Act 1) (2011)
  • A Mary Christmas (2013)
  • Think Like a Man Too (soundtrack) (2014)
  • The London Sessions (2014)
  • Strength of a Woman (2017)
  • Good Morning Gorgeous (2022)

Турнеи[уреди | уреди извор]

Сопствени[уреди | уреди извор]

  • Share My World Tour (1997–98)
  • The Mary Show Tour (2000)
  • No More Drama Tour (2002)
  • Love & Life Tour (2004)
  • The Breakthrough Experience Tour (2006)
  • Growing Pains European Tour (2008)
  • Love Soul Tour (2008)
  • Music Saved My Life Tour (2010–11)
  • The London Sessions Tour (2015)
  • Strength of a Woman Tour (2017)
  • Good Morning Gorgeous Tour (2022)

Заеднички[уреди | уреди извор]

  • Heart of the City Tour (со Џеј Зи) (2007)
  • The Liberation Tour (со D'Angelo) (2012–13)
  • King and Queen of Hearts World Tour (со Maxwell) (2016)
  • The Royalty Tour (со Нас) (2019)

Поддршка[уреди | уреди извор]

  • Humpin' Around the World (со Боби Браун) (1992–1993) [48]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

година Наслов Улога Белешки
2001 година Затворска песна Госпоѓица. Батлер Филмско деби
2009 година Можам сам да направам лошо (I Can Do Bad All By Myself) Тања
2012 година Карпа на вековите (Rock of Ages) Џастис Шарлие
2013 година Black Nativity Платина Фро Номинација — Награда од Американскиот црн филмски фестивал за најдобра актерска екипа
2014 година Шампиони (Champs) Самата
2017 година Mudbound Флоренс Џексон Специјална награда од жирито Готам за најдобра изведба од актерска екипа
New York Film Critics Online за најдобра актерска екипа
Награда на IndieWire Critic за најдобра изведба (филм) [49]
Холивудски филмски награди – Награда за пробив на актерка
Холивудски филмски награди – Награда за пробив на актерска екипа [50]
Награда од Здружението на филмски критичари од Лос Анџелес за најдобра споредна женска улога (второпласирана) [51]
Номинација — Оскар за најдобра споредна женска улога

Номинација — Оскар за најдобра оригинална песна
Номинација — Награда од здружението на актерите за извонредна изведба од женски актер во споредна улога [52]
Номинација — Награда од здружението на актерите за извонредна изведба на актерска екипа во филм
Номинација — Филмска награда од Critics' Choice за најдобра споредна женска улога
Номинација — Филмска награда од Critics' Choice за најдобра актерска екипа
Номинација — Златен глобус за најдобра споредна женска улога – филм
Номинација — Златен глобус за најдобра оригинална песна
Номинација — Независна филмска награда Готам за пробив на актер
Номинација — Награда од Сателит за најдобра споредна женска улога - филм
Номинација — Награда од Здружението на филмски критичари од Вашингтон ДЦ за најдобра споредна женска улога
Номинација — Награда од Здружението на филмски критичари од Вашингтон ДЦ за најдобра актерска екипа

2017 година Добредојдовте во мојот живот [53] Самата Споредна улога
2018 година Шерлок Гномс [54] Ајрин Глас
2020 година Pink Skies Ahead [55] Доктор Монро
Светска турнеја Trolls Кралицата Есенс Глас
Body Cam Рене
Насилно срце Нина
2021 година Почит Дина Вашингтон
Мојот живот од Мери Џеј Блајџ [56] Самата Исто така, продуцент

Телевизија[уреди | уреди извор]

година Наслов Улога Белешки
1989 година Showtime at the Apollo Самата Настапи „I Found Lovin“ и „What Goes Around“ со Џеф Ред .
1990 година The Arsenio Hall Show Самата Изведена „ I'll Do 4 U “ со таткото М.Ц.
1992 година Soul Train Самата - музички гостин (епизода 2, сезона 22)
1992 година Out All Night Самата Епизода: „Smooth Operator“
1993 година Saturday Night Live Самата - музички гостин Епизода: „ Џон Гудман / Мери Џеј Блајџ“
1994 година The 8th Annual Soul Train Music Awards Самата - презентерка
1995 година New York Undercover Самата 2 епизоди
1998 година The Jamie Foxx Show Ола Меј Епизода: „Тато не проповедај“
1999 година Moesha Самата Епизода: „Добри вибрации?
2001 година Strong Medicine Симоне соработници Епизода: „Историја“
2007 година Ghost Whisperer Џеки Бојд Епизода: „Злобниот дух“
Entourage Самата Епизода: „Бирото на Гери“
2009 година 30 Rock Епизода: "Бубрег сега!"
2010, 2012 година Американски идол Гостин судија/Саа 2010: Аудициите беа одржани во Атланта, Џорџија во Грузија Дом кога гостинот на Блајџ судеше. 2012: Ментор за Топ 13 недела на Витни Хјустон и Стиви Вондер
2012 година The Voice Самата Ментор на тимот Адам Левин (сезона 3)
2013 година Betty & Coretta Д-р Бети Шабаз Телевизиски филм
Номинација — Women's Image Network Awards за извонредна актерка во телевизиски филм или мини-серија
Икс Фактор Гостин судија/сама Блајџ ѝ помагала на Никол Шерцингер во нејзината куќа во Антигва
2015 година Империја Енџи Епизода: „Гревовите на таткото“
The Wiz Live! Евилин, Злобната вештерка од Западот ТВ специјал
Номинација — Critics' Choice Television Award за најдобра споредна женска улога во филм/минисерија
Номинација — Black Reel Award за најдобра споредна женска улога: телевизиски филм/кабловска
Black-ish Мирабел Шале Епизода: "Pops' Pops' Pops"
2016 година Како да се извлечеш со убиство Ро 2 епизоди
2019 година The Umbrella Academy Ча-Ча Главна улога; 9 епизоди [57]
Scream: Resurrection Шери Елиот Повторлива улога
2020 година Power Book II: Ghost Моне Главна улога
2022 година Lost Ollie Рози Глас, главна улога

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Stacia.
  2. „UPI Almanac for Saturday, Jan. 11, 2020“. United Press International. January 11, 2020. Архивирано од изворникот на February 4, 2020. Посетено на June 26, 2020. …singer Mary J. Blige in 1971 (age 50)
  3. Празен навод (help)
  4. Proefrock, Stacia. „Mary J. Blige Biography & History“ (англиски). AllMusic. Посетено на April 25, 2019.
  5. 5,0 5,1 Празен навод (help)
  6. Collins, Louise Mooney; Speace, Geri J. (1995). Newsmakers, The People Behind Today's Headlines. New York: Gale Research Inc. стр. 36–38. ISBN 0-8103-5745-3.
  7. „Mary J. Blige“. islandrecords.co.uk. Архивирано од изворникот на September 9, 2018. Посетено на May 11, 2017.
  8. „Stardom Shaped By the Street and the Makers of Image“. The New York Times. August 5, 1995. Посетено на July 24, 2009.
  9. Reid, Shaheem; Oh, Minya (March 14, 2003). „Mary J. Blige Teams Up with 50 Cent, P. Diddy to Discuss Love and Life“. MTV News. Архивирано од изворникот на May 1, 2005. Посетено на July 24, 2009.
  10. Dawes, Laina (December 1, 2014). „Mary J Blige's "My Life" Turns 20“. Cuepoint. Посетено на September 17, 2016.
  11. Bat "What is HyperSoul? | p.93
  12. Празен навод (help)
  13. McAleer 1995
  14. Williams, Chris. „Mary J. Blige's My Life LP (1994) revisited with co-producer Chucky Thompson | Return To The Classics“. soulculture.com. Soul Culture. Архивирано од изворникот на August 19, 2014. Посетено на August 18, 2014.
  15. 16,0 16,1 Murrell, Morgan. „Mary J. Blige On Her "My Life" Album: "I Was Depressed, Ready To Die". BuzzFeed (англиски). Посетено на 2021-06-25.
  16. „Key Tracks: Mary J. Blige's My Life“. redbullmusicacademy.com. Red Bull Music Academy. Посетено на December 28, 2015.
  17. „Mary J. Blige My Life. acclaimedmusic.net. Архивирано од изворникот на June 21, 2010. Посетено на March 13, 2010.
  18. Празен навод (help)
  19. Празен навод (help)
  20. „Previous Album Sales Chart“. HITS Daily Double. Архивирано од изворникот на September 6, 2013. Посетено на February 22, 2011.
  21. http://www.mercurynews.com/mld/mercurynews/entertainment/15449943.htm[мртва врска]
  22. Празен навод (help)
  23. „Dixie Chicks Make Nice With Five GRAMMYs“. Grammy.org. February 11, 2007. Архивирано од изворникот на 2017-07-09. Посетено на December 29, 2012.
  24. „2006 American Music Awards Winners“. Abclocal.go.com. November 22, 2006. Архивирано од изворникот на July 30, 2013. Посетено на December 29, 2012.
  25. Празен навод (help)
  26. „Mary J. Blige and Black Eyed Peas Win 2010 NAACP Image Awards“. Celebrity-mania.com. February 27, 2010. Архивирано од изворникот на April 6, 2010. Посетено на July 8, 2010.
  27. Празен навод (help)
  28. „Mary J. Blige, Lil Wayne And Diddy Debut 'Someone To Love Me'. Rapfix.mtv.com. December 13, 2010. Архивирано од изворникот на January 7, 2011. Посетено на February 22, 2011.
  29. „New Music: Mary J. Blige – 'The Living Proof'. Rap-Up.com. Посетено на November 24, 2011.
  30. Blanco, Alvin (April 5, 2011). „Mary J. Blige Announces My Life Sequel Release Date — Music, Celebrity, Artist News“. MTV. Посетено на November 24, 2011.
  31. „Mary J. Blige Readies 'My Life' Sequel for September“. Rap-Up.com. Посетено на November 24, 2011.
  32. „The Year In R&B/Hip-Hop 2012: Drake, Nicki Minaj Among Year's Chart Champs“. Billboard.com. December 14, 2012. Посетено на February 5, 2017.
  33. Празен навод (help)
  34. Elysa Gardner (May 30, 2014). „New Mary J. Blige songs due on 'Think Like A Man Too'. USA Today. Посетено на January 12, 2015.
  35. Празен навод (help)
  36. „Mary J. Blige To Record New Album 'The London Sessions'. Vibe.com. Посетено на January 12, 2015.
  37. Gibsone, Harriet (August 29, 2014). „Mary J Blige: Mitch Winehouse 'gave me the chance to hug Amy through him'. the Guardian. Посетено на January 12, 2015.
  38. „Strength of a Woman by Mary J. Blige on Apple Music“. itunes.apple.com. April 28, 2017. Посетено на October 23, 2017.
  39. „Mary J. Blige's 'Strength of a Woman' Tops R&B Albums Chart“. Billboard.com. May 9, 2017. Посетено на October 23, 2017.
  40. „BET Awards: Mary J. Blige to Receive Lifetime Achievement Award“. The Hollywood Reporter (англиски). June 12, 2019. Посетено на June 15, 2019.
  41. Rosen, Jody (June 25, 2019). „Here Are Hundreds More Artists Whose Tapes Were Destroyed in the UMG Fire“. The New York Times. Посетено на June 28, 2019.
  42. O'Sullivan, Michael (June 24, 2021). „New movies to stream this week: 'Mary J. Blige's My Life,' 'Good on Paper' and more“. The Washington Post (англиски). ISSN 0190-8286. Посетено на 2021-06-25.
  43. „Mary J. Blige Announces New Album 'Good Morning Gorgeous'. Rap-Up (англиски). December 3, 2021. Посетено на 2022-01-22.
  44. Mary J Blige On Loving Herself, Dr Dre Collab, Memoir Release Date, Super Bowl Memes + More (англиски), Посетено на 2022-02-17
  45. „Mary J. Blige: The 100 Most Influential People of 2022“. Time.com. Посетено на June 3, 2022.
  46. Montgomery, Daniel (2022-09-03). „2022 Creative Arts Emmy winners list in all categories [UPDATING LIVE]“. GoldDerby (англиски). Посетено на 2022-09-04.
  47. „BOBBY BROWN BACK IN SWING“. The Washington Post. December 25, 1992.
  48. „Inaugural Indiewire Honors to Celebrate James Franco, Issa Rae, Kumail Nanjiani and More“. Variety.com. October 23, 2017. Посетено на October 23, 2017.
  49. 'Blade Runner 2049,' Mary J. Blige, Sam Rockwell and More to Be Honored at 2017 Hollywood Film Awards“. Etonline.com. Посетено на October 23, 2017.
  50. Tapley, Kristopher (December 3, 2017). „Los Angeles Film Critics Assn. Crowns 'Call Me by Your Name' Best Picture of 2017“. Variety.com. Посетено на December 11, 2017.
  51. Hipes, Patrick (December 13, 2017). „SAG Awards Nominations: 'Three Billboards' Tops Film List, Netflix Leads In TV“. Deadline.com.
  52. „Chris Brown: Welcome to My Life“. IMDb.
  53. Heath, Paul (November 7, 2017). „Paramount Pictures' 'Sherlock Gnomes' Gets A New Trailer“. Thehollywoodnews.com. Посетено на November 7, 2017.
  54. N'Duka, Amanda (June 27, 2019). „Mary J. Blige, Michael McKean, Odeya Rush, Evan Ross Board 'Pink Skies Ahead' Film At Stampede“. Deadline.com.
  55. D'Alessandro, Anthony (December 3, 2019). „Mary J. Blige Documentary In Production With Amazon Studios & eOne“.
  56. Goldberg, Lesley (2 April 2019). 'Umbrella Academy' Renewed for Season 2 at Netflix“. The Hollywood Reporter (англиски). Посетено на 22 June 2020. Co-star Mary J. Blige had a one-year deal for the series.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]