Мериибре Кети

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мериибре Кети
Мериибре, Мериибре и Кети, Актои, Актоес; Мериибтави
Бакарен сад со кралската титула на Мериибре Кети. Париз, Лувр.
Фараон на Египет
Владеелоколу 2160 п.н.е. – ?, 9-та династија (mainstream); 10-та династија (Фон Бекерат)
ПретходникФараон од Осмата династија
НаследникНеферкаре (не директно)

Мериибре Кети, исто така познат по неговото Хорово име Мериибтави, бил фараон од 9-та или 10-тата династија на Египет, за време на Првиот среден период..

Владеење[уреди | уреди извор]

Цртеж на стапче од абонос со титулите на Мериибре Кети.

Некои научници[1][2][3] веруваат дека Мериибре Кети бил основач на 9-та династија, хераклеополски номарх кој собрал доволно авторитет за да се прогласи за легитимен наследник на 6-та династија на фараоните. Се чини дека Мериибре владеел со соседните номарси со железна тупаница, и најверојатно поради тоа во подоцнежните времиња овој владетел е споменат од Мането како злогласниот Актоес, зол цар, кој полудел, а потоа бил убиен од крокодил.

Алтернативно, други египтолози како Јирген фон Бекерат[4] наместо тоа веруваат дека Мериибре владеел кон крајот на 10-та династија, непосредно пред кралот Мерикаре.

Заради спротивставените мислења на научниците, владеењето на Мериибре е тешко да се датира со сигурност; ако тој навистина бил основач на 9-та династија, неговото владеење требало да започне конвенционално околу 2160 година п.н.е.,[5] додека во вториот случај неговото владеење требало да започне околу еден век подоцна.

Потврди[уреди | уреди извор]

Бидејќи неговото име не се споменува во Кралскиот список од Торино, овој владетел е познат само по неколку предмети: еден вид бакарен мангал или корпа од гробница во близина на Абидос (пронајден заедно со палета која го носи името на царот Merikare), сега изложен во музејот Лувр; на стапче од абонос од Меир сега во Музејот во Каиро (JE 42835), на фрагмент од ковчеже од слонова коска од Лишт, и некои други ситни наоди.[2] Благодарение на овие неколку споменици, кралската титула на Мериибре е најцелосна меѓу познатите фараони од овој период.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Flinders Petrie, A History of Egypt from the Earliest Times to the XVIth Dynasty (1897), pp. 114–15.
  2. 2,0 2,1 Alan Gardiner, Egypt of the Pharaohs. An introduction, Oxford University Press, 1961, p. 112.
  3. Nicolas Grimal, A History of Ancient Egypt, Oxford, Blackwell Books, 1992, p. 140.
  4. Jürgen von Beckerath, Handbuch der Ägyptischen Königsnamen, 2nd edition, Mainz, 1999, p. 74.
  5. William C. Hayes, op. cit., p. 996.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]