Прејди на содржината

Букерова награда

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мен Букерова награда)
Букерова награда
ДржаваОбединето Кралство Уреди на Википодатоците
ДоделуваBooker Prize Foundation Уреди на Википодатоците
Мрежно местоhttp://www.themanbookerprize.com/, https://thebookerprizes.com/ Уреди на Википодатоците
Лого од 2015 на Букеровата награда

Букерова награда (англиски: Man Booker Prize for Fiction или само Booker Prize) — книжевна награда што секоја година се доделува на најдобриот роман на англиски јазик во авторство на државјанин на Комонвелтот, Ирска или Зимбабве,[1] а почнувајќи од 2014 г., и било која друга земја во светот, доколку делото е напишано на англиски и објавено во Британија.[2] Наградата на добитникот му гарантира меѓународен углед и успех во кариерата, па затоа таа има големо значење во книгоиздаваштвото.[3] Авторите што ќе се најдат во потесниот, па дури и во поширокиот избор исто така добиваат на значаен углед.

Историја и раководство

[уреди | уреди извор]

Букеровата награда првично се нарекувала „Букер-Меконелова награда“ (Booker-McConnell Prize), именувана по претпријатието „Букер Меконел“ кое ја основало наградата во 1968 г. под свое покровителство.[4] Кога, во 2002 г,, одговорноста за раководењето на наградата припаднала на Задолжбината „Букерова награда“ (Booker Prize Foundation), како покровител се јавила инвестиционата фирма „Ман груп“ (Man Group), која го задржала зборот Букер во името на наградата. Во 2019 г. Ман ја доделиле последната награда како покровител на наградите.[5] Покровителството прешло на добротворната задолжбина „Кренкстарт“ (Crankstart) на општественикот Мајкл Мориц и сопругата Хериет Хејман, во траење од пет години, со можност за уште пет. Името на наградата е официјално изменето на само „Букерова награда“ (The Booker Prize).[6]

Самата задолжбина е независна добротворна организација која работи со средства од сите приходи на Booker Prize Trading Ltd., како единствен акционер.[7] Денес паричниот дел од наградата изнесува 50.000 фунти, и со тоа е една од најбогатите книжевни награди во светот.

Изборот започнува со воспоставување на советодавна комисија составена од писател, двајца издавачи, агент, книжар, библиотекар и претседавач назначен од задолжбината. Тие ја избираат жири-комисијата, чии членови по правило се различни секоја година. Таа е составена од најистакнатите книжевни критичари, писатели, академици и водечки општественици.

Добитникот се прогласува на почетокот на октомври.

Лауреати

[уреди | уреди извор]

Во чест на 25-годишнината на наградата, одлучено е да се додели посебна награда „Букер на Букерите“ (Booker of Bookers). За најдобар од сите романи што ја добиле наградата е избран „Деца на полноќта“ од Салман Ружди (добитник во 1981 г).[8]

Во 2008 г. е доделена слична награда наречена „Најдоброто од Букер“ (The Best of the Booker) во чест на 40-годишнината на наградата. Во потесниот избор влегле шест дела, а добитникот го гласала јавноста. За најдобар роман повторно е прогласен „Деца на полноќта“.[9][10]

Година Автор Наслов Изворен наслов Жанр Земја
1969 Перси Хавард Њуби „Се бара одговор“ Something to Answer For роман Обединето Кралство Британија
1970 Бернис Рубенс „Избраниот член“ The Elected Member роман Обединето Кралство Британија
1970[11][12] Џејмс Гордон Фарел „Неволји“ Troubles роман Обединето Кралство Британија
 Ирска
1971 Видијадар Сураџпрасад Најпол „Во слободна држава“ In a Free State расказ Обединето Кралство Британија
 Тринидад и Тобаго
1972 Џон Бергер „Џ.“ G. експериментален роман Обединето Кралство Британија
1973 Џејмс Гордон Фарел „Опсадата на Кришнапур“ The Siege of Krishnapur роман Обединето Кралство Британија
 Ирска
1974 Надин Гордимер „Конзерватор“ The Conservationist роман  ЈАР
Стенли Мидлтон „Празник“ Holiday роман Обединето Кралство Британија
1975 Рут Правер Џабвала „Жега и прашина“ Heat and Dust историски роман Обединето Кралство Британија
 Германија
1976 Дејвид Стори „Савил“ Saville роман Обединето Кралство Британија
1977 Пол Скот „Исчекување“ Staying On роман Обединето Кралство Британија
1978 Ајрис Медрок „Морето, морето“ The Sea, the Sea филозофски роман  Ирска
Обединето Кралство Британија
1979 Пенелопи Фицџералд „На море“ Offshore роман Обединето Кралство Британија
1980 Вилијам Голдинг Пристапни обреди Rites of Passage роман Обединето Кралство Британија
1981 Салман Ружди Деца на полноќта Midnight's Children магиски реализам Обединето Кралство Британија
1982 Томас Кенили „Шиндлеровата барка“ Schindler's Ark биографски роман  Австралија
1983 Џон Максвел Куци „Животот и времето на Мајкл К.“ Life & Times of Michael K роман  ЈАР
1984 Анита Брукнер „Хотел на езерото“ Hotel du Lac роман Обединето Кралство Британија
1985 Кери Хјум „Народ на коските“ The Bone People мистериозен роман  Нов Зеланд
1986 Кингсли Ејмис „Стари ѓаволи“ The Old Devils хумористичен роман Обединето Кралство Британија
1987 Пенелопи Лајвли „Месечев тигар“ Moon Tiger роман Обединето Кралство Британија
1988 Питер Кери „Оскар и Лусинда“ Oscar and Lucinda роман  Австралија
1989 Казуо Ишигуро „Остатоци од денот“ The Remains of the Day историски роман Обединето Кралство Британија
 Јапонија
1990 Антонија Сузан Бајат „Опседнатост“ Possession роман Обединето Кралство Британија
1991 Бен Окри „Гладниот пат“ The Famished Road магиски реализам  Нигерија
1992 Мајл Ондатје Англискиот пациент The English Patient историографска метапроза  Канада
 Шри Ланка
Бери Ансворт „Света глад“ Sacred Hunger историски роман Обединето Кралство Британија
1993 Роди Дојл „Педи Кларк ха-ха-ха“ Paddy Clarke Ha Ha Ha роман  Ирска
1994 Џејмс Келман „Доцна, баш доцна“ How Late It Was, How Late тек на свеста Обединето Кралство Британија
1995 Пет Баркер „Патот на сеништата“ The Ghost Road воен роман Обединето Кралство Британија
1996 Греам Свифт Последна заповед Last Orders роман Обединето Кралство Британија
1997 Арундати Рој „Богот на малите нешта“ The God of Small Things роман  Индија
1998 Ијан Мекјуан „Амстердам“ Amsterdam роман Обединето Кралство Британија
1999 Џон Максвел Куци „Срам“ Disgrace роман  ЈАР
2000 Маргарет Атвуд „Слепиот убиец“ The Blind Assassin роман  Канада
2001 Питер Кери „Вистинска приказна за Келиевата банда“ True History of the Kelly Gang историски роман  Австралија
2002 Јан Мартел „Живот на Пи“ Life of Pi фантастичен роман  Канада
2003 Ди Би Си Пјер „Малиот Бог Вернон“ Vernon God Little роман  Австралија
2004 Алан Холингхарст „Линија на убавината“ The Line of Beauty историски роман Обединето Кралство Британија
2005 Џон Бенвил „Море“ The Sea роман  Ирска
2006 Киран Десаи „Наследена загуба“ The Inheritance of Loss роман  Индија
2007 Ен Енрајт „Собир“ The Gathering роман  Ирска
2008 Аравинд Адига „Белиот тигар“ The White Tiger роман  Индија
2009 Хилари Мантел „Волчја аула“ Wolf Hall историски роман Обединето Кралство Британија
2010 Хавард Џејкобсон „Финклеровото прашање“ The Finkler Question роман Обединето Кралство Британија
2011 Џулијан Барнс „Насетување на крајот“ The Sense of an Ending роман Обединето Кралство Британија
2012 Хилари Мантел „Подигнете ги телата“ Bring Up the Bodies историски роман Обединето Кралство Британија
2013 Еленор Катон „Расветители“ The Luminaries историски роман  Нов Зеланд
2014 Ричард Фланаган „Тесниот пат код длабокиот север“ The Narrow Road to the Deep North историски роман  Австралија
2015 Марлон Џејмс „Кратка историја на седум убиства“ A Brief History of Seven Killings историски/експериментален роман  Јамајка
2016 Пол Бити „Продадена душа“ The Sellout сатиричен роман  САД
2017 Џоџ Сондерс „Линколн во бардо“ Lincoln in the Bardo историски роман  САД
2018 Ана Бернс „Млекар“ Milkman роман Обединето Кралство Британија
2019 Маргарет Атвуд „Завети“ The Testaments роман  Канада
Бернардин Еваристо „Девојка, жена, друго“ Girl, Woman, Other експериментален роман Обединето Кралство Британија
2020 Даглас Стјуарт „Шаги Бејн“ Shuggie Bain роман Обединето Кралство Британија
 САД
2021 Дамон Галгут „Ветување“ The Promise роман  ЈАР
2022 Шехан Карунатилака „Седумте месечини на Мали Алмејда“ The Seven Moons of Maali Almeida роман  Шри Ланка
2023 Пол Линч „Песна на пророкот“ Prophet Song дистописки роман  Ирска

Поврзани награди

[уреди | уреди извор]

Во 2005 г. е воведена посебна „Меѓународна Букерова награда“ (Man Booker International Prize) која се доделува на писател од било која земја, на секои две години. Во 1992 г. е воспоставена руска верзија на наградата наречена „Руски Букер“ (Russian Booker, офиц: Booker-Open Russia Literary Prize) Во 2007 г., Man Group ја основале „Мановата азиска книжевна награда“ (Man Asian Literary Prize) за најдобар роман од Азија напишан или преведен на англиски јазик и издаден во претходната календарска година.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Букерова награда: Правила“. bookerprize.com. Посетено на 3 септември 2009. (англиски)
  2. „„Изненадување и ризик": Реакции на пресвртот во наградувањето“. BBC. 18 септември 2013. Посетено на 19 септември 2013. (англиски)
  3. „Големата експлозија на Букер“. New Statesman. 9 октомври 2008. Посетено на 3 септември 2009. (англиски)
  4. „Букерова награда: историја на контроверзности, критики и великани на книжевноста“. The Guardian. Guardian Media Group. 18 октомври 2011. Посетено на 18 октомври 2011. (англиски)
  5. Davies, Caroline (27 јануари 2019). „Booker prize trustees search for new sponsor after Man Group exit“. The Guardian. Посетено на 27 јануари 2019.
  6. Flood, Alison (28 февруари 2019). „Booker Prize: Silicon Valley Billionaire Takes Over as New Sponsor“. The Guardian. Посетено на 28 февруари 2019.
  7. „Букерова награда: Правни информации“. bookerprize.com. Посетено на 3 септември 2009. (англиски)
  8. Малан, Џон (12 јули 2008). „Животи и дела, Каде се сега?“. The Guardian. Guardian Media Group. Посетено на 11 септември 2011. (англиски)
  9. „Најдоброто од Букер“. The Guardian. Guardian Media Group. 21 февруари 2008. Посетено на 3 септември 2009. (англиски)
  10. „Ружди ја доби наградата „Најдоброто од Букер". БиБиСи Вести. БиБиСи. 10 јули 2008. Посетено на 3 септември 2009. (англиски)
  11. Во 1971 г. е решено да се наградува дело издадено истата, наместо претходната година, па затоа наградата не ја добило ниедно дело издадено во 1970 г. Во 2010 г. е одлучено таа награда да се додели ретроспективно, под називот „Изгубената Букерова награда“ ("Lost Man Booker Prize"), и тоа на романот „Неволји“ од Џејмс Гордон Фарел.
  12. Мелверн, Џек (20 мај 2010). „Џ.Г. Фарел доби Букерова награда за 1970 г, 30 години откако е починат“. The Times. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 23 декември 2010. (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]