Ментална хигиена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Секој поединец може многу да си помогне при психички тешкотии. Многу студенти во текот на студирањето се соочуваат со тешки периоди, предизвикани што поради испитите што поради бурни емоции поврзани со љубовниот живот. Потоа на ранг-листата се семејните проблеми, финансиите и многу други причини.

За тоа е потребен стабилен психички живот, изразен преку неколку принципи за менталната хигиена.

Емоционална стабилност[уреди | уреди извор]

Во име на своето ментално здравје, секој поединец треба да се труди колку што може да ја зачува својата емоционална стабилност. Се разбира, во голем број сложени ситуации тешко се одржува емоционалната стабилност. Всушност, таа најмногу се нарушува во конфликтите со блиските луѓе, чие мислење најмногу го повредуваат поединецот. Во таква ситуација неопходно е да се поведе разговар и искрено да се разговара за да може да се најде компромис.

Толеранција на фрустрација[уреди | уреди извор]

Кога постојат здрави семејни односи, родителите од најрана возраст кај децата поттикнуваат толеранција на фрустрации до одредено ниво. Тоа значи дека родителите ги охрабруваат децата сами да ги решат проблемите со браќата/сестрите или другарите. Тие деца подоцна полесно ги надминуваат проблемите во животот.

Реалистична слика[уреди | уреди извор]

Сликата за себеси е сложена структура на личноста која се гради во детството, а особено во адолесенцијата. Ако адолесцентот ја гради сликата за себеси врз основа на своите реални способности и квалитети, ако се прифаќа таков каков што е, велиме дека има реалистична слика за себеси. Така тие подоцна во животот умеат да изберат со што ќе се занимаваат и така си го зачувуваат менаталното здравје.

Задоволство од работата[уреди | уреди извор]

Работата е особено важна за менталното здравје. Ако еден човек се занимава со работа што го интересира, ја сака и го мотивира, тоа влијае многу позитивно врз него. Но ако секојдневно работи нешто што го нервира и му создава нервоза, тоа ќе се одрази негативно во иднина.

Општествено ангажирање[уреди | уреди извор]

Човекот е социјално суштество, па поради тоа се чувствува успешен и задоволен кога е вклучен во општествениот живот, кога е корисен член на својата заедница. Повлечениот и осамен човек има свои проблеми поради кои се отуѓува од својата околина, иако копнее по неа. Неговото рехабилитирање и вклучување во социјалната средина значително го подобрува неговото ментално здравје.