Менемен (јадење)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Турски појадок со менемен (лево)

Менемен — традиционално турско јадење[1] кое вклучува:јајца, домати, зелени пиперки и зачини како што се мелен црн пипер, мелен црвен пипер, сол и оригано. Може да се додадат и кромид, лук и сл. Се готви со маслиново или сончогледово масло. Слично јадење е шакшука.

Менемен вообичаено се јаде за појадок и се служи со леб[2]. Кромид главно се додава кога менеменот се јаде за ручек и како главно јадење[3].

Подготовка[уреди | уреди извор]

Кромидот се динста на загреан путер или масло, а потоа се додаваат зелените пиперки. Кога кромидот ќе омекне и бојата ќе му стане посветла, се додаваат доматите. Тие треба да станат многу меки и да ја сменат бојата. Конечно се додаваат јајцата и зачините и се меша сè додека јајцата не бидат убаво пржени.

Во рестораните, менемен е јадење по нарачка и се служи во металната тава во која се подготвувал.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-06-11. Посетено на 2016-05-25.
  2. Turkish Cookery, M. Işın Günür (1990). ISBN 975-479-100-7.
  3. Türkmen, Arda, "Hürriyet Pazar", 2014., str.16.