Меморијален комплекс на хероите од Првата светска војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Меморијален комплекс на
хероите од Првата светска војна
Main alley of the Memorial park (Moscow).JPG
Општи податоци
ГрадМосква
ЗемјаРусија
Завршена1915

Меморијалниот комплекс на хероите од Првата светска војна (руски: Мемориально-парковый комплекс героев Первой мировой войны) — меморијален комплекс кој се наоѓа во Москва, Русија. Се наоѓа во округот Сокол во Северниот административен округ. Површината на паркот е 11,2 хектари.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Претходно, она местото каде денеска се наоѓа комплексот имало. Гробиштата биле основани во 1915 година од страна на Големата војвотка Елисавета Фјодоровна. Скоро 18.000 жртви од Првата светска војна биле погребани на гробиштата. Во 1918 година Црквата на Преображението била изградена тука од страна на истакнатиот архитект Алексеј Шчусев.

Во 1925 година гробиштата биле затворени за погребувања. Во 1932 година комплексот бил претворен во парк. Сите надгробни споменици, со исклучок на еден, биле уништени. Кон крајот на 1940-тите години, Црквата на Преображението била уништена. Во исто време, во источниот дел на поранешните гробишта биле изградени и неколку згради. Во паркот подоцна биле изградени киното „Ленинград“ и две кафулиња.

За време на Перестројката многу јавни личности зборувале за заживување на споменикот во паркот. Параклисот на Преображението бил изграден повторно во 1998 година. Во 2004 година паркот го обил денешното име, а некои споменици биле поставени во исто време. Останките на големиот војвода Николај Николаевич и неговата сопруга Анастасија од Црна Гора повторно биле погребани во Параклисот на Преображението во 2015 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Арсеньев А. А., Морозова М. С. Московское городское Братское кладбище // Военно-исторический архив : Журнал. — 2005. — Бр. 10 (70). — стр. 62.