Мемоарите на една гејша (филм од 2005)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мемоарите на една гејша (англиски: Memoirs of a geisha) е американски филм од 2005 година, во режија на Роб Маршал. Главните улоги ги играат: Зији Занг, Мишел Јео, Кен Ватанабе, Сузука Охго и Гонг Ли. Во 2006 година, филмот освоил „Оскар“ за најдобра сценографија, костимографија и камера. Во 2006 година, Џон Вилијамс освоил „Златен глобус“ и награда на БАФТА за најдобра музичка нумера, а во 2007 година и „Греми“ за најдобар албум со филмска музика.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот ја раскажува приказната на малата Чијо (ја игра Охго), која во 1929 година, заедно со својата сестра, е продадена во градот, откако нивната мајка се разболува. Таа станува слугинка во една куќа во која се одлгедуваат гејши. Кога ќе порасне, славната гејша Мамеха ја воведува во својот свет, учејќи ја на сите вештини што ги знае. Наското, Чијо го добива името Сајури и станува една од најпознатите гејши на своето време.[2]

Портокаловите порти во храмот Фушими Инари во Фушими-ку, Кјото, користени во сцената каде низ нив трча млад Чијо

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. IMDb, Memoirs of a Geisha (2005) - Awards (пристапено на 5.4.2015)
  2. „Мемоарите на една гејша“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр, 14.