Светиврачко

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мелничко)
Карта на Пирин со Светиврачко во југозападниот дел

Светиврачко (денес и Санданско) или Мелничко — историско-географска област во Пиринска Македонија околу градот Свети Врач (Сандански).

Територијата на областа приближно се совпаѓа со некогашната Мелничка, а потоа Светиврачка и Санданска околија — главнината на денешните општини Свети Врач (без селата Лебница и Хрсово од Петричко), Кресна и Струмјани (без селата Добри Лаки, Игралишта (Игралиште), Клепало, Колибите, Махалата и Никудин од Петричко), како и селата Мечкул и Сенокос во општината Симитли.[1]

Сместена е во источниот и северниот дел на Светиврачко-петричката Котлина и по соседните планини. Се граничи со Горноџумајско на север, Разлошко и Неврокопско на исток, Валовишко на југ и Петричко и Беровско на запад.

Наводи[уреди | уреди извор]