Мелник (камен)
Мелник[1][2], окно[3][4], мелнички камен или воденички камен – работен дел на мелница, направен од камен, во облик на рамен цилиндар. Во направата има два камена: долниот, стационарен („долнак“), мазен, а горниот, вртежен, жлебен. Меѓу нив, зрната се дробат.
Со текот на времето, почнале да се користат потрајни, вештачки камења[5] направени од бетон со додавање на кварц.
Мелнички камења во Македонија
[уреди | уреди извор]Во Македонија мелници се произведувале на повеќе места, но по својот квалитет биле познати оние произведени во Лесново и Марул и Бонче.
Лесновски воденички камења
[уреди | уреди извор]Во непосредна близина на селото, високо на вулканскиот рид се наоѓаат педесетина пештерски каменоломи кои во денешно време претставуваат туристичка атракција во овој дел. Според преданијата вулканот во минатото бил доста активен, па од лавата која течела се образувале овие вулкански карпи. Кога вулканот згаснал и кога местото било населено со жители, обработката на вулканските карпи се покажале како добар извор на приходи за жителите.
До средината на 20 век Осоговијата одекнувала од ударите со чеканите, клиновите и железните длета од луѓето кои ваделе камења и од нив произведувале воденички камења.
Воденички камења
[уреди | уреди извор]- 7, 8: воденички камења во воденица
Мелнички камења во хералдиката
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „мелник“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „мелник“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „окно“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „окно“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Службен весник на НРМ“ (PDF). НИП „Службен весник на НРМ“. 6.9.1951. Посетено на 5 јуни 2025. Проверете ги датумските вредности во:
|date=(help)