Мелеарди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Глетка од населбата Мелеарди

Мелеарди е населба во крајниот западен дел на градот Гостивар. Населбата Мелеарди се комплексот на згради од фасадна цигла и жолти згради веднаш од левата страна на автопатот Скопје - Охрид. Мелеарди е првата населба од главниот влез на Гостивар кон центарот, во неа се влегува преку надвозникот што од лево врти кон населбата Мирдита и селото Врапчиште, а од десна страна се оди кон центарот минувајќи токму низ Мелеарди. Од центарот на градот е одделена со индустриската пруга за „Силика“ и големата крстосница по која води патот за селата Чегране и Србиново. Во населбата изразит стопански карактер има трговијата, особено преку многубројните салони за мебел.

Население[уреди | уреди извор]

Според пописните списоци за месната заедница Мелеарди од пописот во 2002 година етничкиот состав на населбата Мелеарди е: 74,11% Македонци, 21,62% Албанци и 4,27% се Турци. Од етничкиот состав на населението оваа населба заедно со гостиварските населби Дутлок , Циглана и Тексас маало-Бараки претставуваат единствените населби во Гостивар со мнозинско македонско население (или пак со застапеност на Македонците со повеќе од 35%).