Мек повез

Мек повез (бесшевен или броширан повез[1]) — повез за книги со корици од мек картон. Обично е во боја и содржи слика, како и насловот на книгата и името на авторот. Производството на книги со мек повез е поевтино, а со тоа и нивната цена е пониска во однос на книгите со тврд повез, што ги прави подостапни за пошироката јавност. Мекиот повез е претходник на џебната книга, популарен формат што внел револуција во издаваштвото.
Секоја година на 30 јули, денот кога во 1835 година бил објавена првата броширана книга, се слави Светскиот ден на броширани изданија (англиски: Paperback Book Day).[2]
Историја
[уреди | уреди извор]
На почетокот на 19 век се случиле голем број подобрувања во печатењето, издаваштвото и дистрибуцијата на книги. Почнале да се користат мелници за целулоза, печатарски машини на пареа, автоматски слог, а многу придонело и проширувањето на железничката мрежа.[3] Овие новини овозможиле масовно производство на евтини, еднообразни изданија на книжевни дела во мек повез. Некои од првите издавачки куќи со мек повез се појавиле во Обединетото Кралство во 1930-тите. Пингвин букс (англиски: Penguin Books) бил британски издавач основан во 1835 година од Ален Лејн. Идејата на Лејн била да произведе книга што ќе чини исто колку пакета цигари и ќе се продава не само во книжарниците, туку и на железничките станици, драгсторите, па дури и во трафиките. Првиот примерок од таква книга бил објавен на 30 јули 1835 година и бил романот „Ариел“ [4] од Андре Моро.[5] Првите едиции со мек повез биле и романите од Ернест Хемингвеј и Агата Кристи.[6]
Дистрибуцијата и продажбата на овие изданија се вршела главно преку сеприсутна мрежа на киосци кои се наоѓале на повеќето железнички станици. Овие изданија со меки корици биле евтини, мали по големина,[7] и биле особено привлечни за патниците. Серијата со меки корици на железничката библиотека „Рутлиџ“ останала во печат до 1898 година, нудејќи ѝ на својата „патувачка“ публика 1.277 единствени наслови.[8] Слични изданија наскоро се појавиле во Германија, во 1841 година, со серија романи од британски и американски автори.[9]

Меѓу најпопуларните формати на книги со мек повез секако се „џебните изданија“, популарните џебни книги. Книгите со мал формат се познати уште од дамнина, но популарните евтини џебни изданија се појавиле кон крајот на првата половина на 20 век, а по завршувањето на Втората светска војна ги истиснале претходно исклучително популарните рото-романи (англиски: pulp magazine). За разлика од рото-романите, кои нудеle претежно тривијални книжевни дела, сериозните книжевни дела се објавувале и во џебен формат, а изданијата со слична содржина се продавале по речиси исти цени.[10]
Формати
[уреди | уреди извор]Мек повез (англиски: paperback) понекогаш се изедначува со џебно издание (англиски: pocket edition). Книгите со мек повез најчесто се достапни во три формати: формат А, со димензии 110 x 178 мм, формат Б, со димензии 130 x 198мм или формат Ц, со димензии 135 x 216 мм.[11] Форматот џебна книга, е големина што е погодна за вметнување в џеб (околу 10x15 см), па оттука и неговото име.[12]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Povez knjige“. Jovšić Printing Centar. Посетено на 13. 7. 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=(help) - ↑ „Paperback Book Day“. HolidayInsights. Посетено на 13. 7. 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=(help) - ↑ „Printing during the nineteenth century“. The British Library. Архивирано од изворникот на 02. 02. 2023. Посетено на 12. 7. 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=(help) - ↑ „ARIJEL ILI ŠELIJEV ŽIVOT“. Knjižare Vulkan. Посетено на 12. 7. 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=(help) - ↑ Milošević, Divna. „Prva džepna knjiga“ (PDF). Univerzitetska biblioteka "Svetozar Marković". Посетено на 12. 7. 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=(help) - ↑ „PRVA DžEPNA KNjIGA“. Semberija info. 31.7.2021. Посетено на 12. 7. 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=(help) - ↑ Wilson-Fletcher, Honor (11. 8. 2001.). „Why size matters“. Guardian News & Media Limited. Посетено на 12. 7. 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=(help) - ↑ „Routledge's Railway Library“. The British Library. Архивирано од изворникот на 24. 01. 2023. Посетено на 12. 7. 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=(help) - ↑ Wagner, David Paul. „Collection of British and American Authors“. Publishing History. Архивирано од изворникот на 28. 02. 2023. Посетено на 12. 7. 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=(help) - ↑ „Pulp Magazines“. Encyclopedia.com. Посетено на 12. 7. 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=(help) - ↑ . (англиски). (2001)
- ↑ „Revolucinarni efekat džepnih izdanja“. 28.9.2018. Посетено на 12. 7. 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=(help)