Меколи Калкин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Меколи Калкин
Роден(а) Меколи Карсон Калкин
26 август,1980
Менхетн,Њујорк (град),САД
Занимање актер,музичар
Активен 1985– се уште
Сопруга Рејчел Минер (1998–2002)
Партрнер(и) Мила Кунис (2002–2010)

Меколи Карсон Калкин(анг. Macaulay Carson Culkin) (роден на 26 август 1980) е Американски актер кој се прослави со улогата на Кевин МекКалистер анг.Kevin McCallister) во филмот Сам дома и во Сам дома 2 : Загубен во Њу Јорк. Тој е исто поѕнат по својте улоги во Ричи Рич, во Вујко Бак, во Мојата Девојка и во музичкиот запис на Мајкл Џексон за песната Црно или бело. Калкин бил рангиран на второто место на топ листата на музичкатаТелевизија Ви-Ејџ-Уан за “100 најдобри детски ѕвезди“ и на топ литата на телевизијата E! за “Топ 50 детски ѕвезди“.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Калкин е роден во Менхетн и израснат воЈорквил. Неговиот татко Кристофер Кит Калкин е поранешен актер познат по неговите продукции на Бродвеј, неговата мајка е Патриција Брентруп која никогаш не се омажила за неговиот татко. Тој бил израснат во Католичко Семејство и посетувал Католичко училиште во Јорквил.

Калкин е трето од седум деца, пет машки и две женски : Шејн (роден 1976), Дакота (1978-2008), Киеран (роден 1982), Квин (родена 1984),Кристиан (роден 1987) и Рори (роден 1989). Во неговото детство Меколи и неговата фамилија живееле во мал стан, мајка му работела во телефонска централа а неговиот татко бил клисар во локалкната католичка црква.

Кариера[уреди | уреди извор]

Калкин почнал со глумење на четири месеци. Но тој се здоби со интернационална слава со улогата на Кевин МекКалистер во блокбастер Сам дома (1990) и потоа во 1992 година во продолжението Сам Дома 2.

Приватен Живот[уреди | уреди извор]

Врски[уреди | уреди извор]

Калкин бил оженет со Рејчел Минер во 1998, се разделиле во 2000, а се развеле во 2002 година.

Во 2002 година тој бил во врска со Мила Кунис. Во 2006 год. Меколи живеел во Њујорк , а Кунис во Лос Анџелес. На 3 Јануари,2011 публицистите на Мила Кунис ја потврдиле веста за нивното раскинување.

Од Ноември 2013 калкин е во врска со актерката Џордан Лејн Прајс.

Врска со Мајкл Џексон[уреди | уреди извор]

За време после снимањето на првиот дел на Сам Дома Меколи станал добар пријател со пејачот Мајкл Џексон и се појави на музичкиот спот за песната "Црно или бело". На судењето на Мајкл , Калкин рекол дека спиел во спалната соба на Мајкл но дека Мајкл никогаш не го злоставувал сексуално. Калкин изјавил дека обвинувањата биле смешни. Калкин присуствувал на погребот на Мајкл Џексон.