Мездра (Бугарија)
10 918 |
|
ВР (BG) | |
Градоначалник | Иван Аспарухов |
Надморска височина | 219 м |
Портал | http://www.mezdra.bg/ |
Координати: | 43.150N С, 23.700E И |
Мездра (бугарски: Мездра) — град во северозападниот дел на Бугарија, во Врачанската област. Градот е административен центар на општина Мездра.
Географија[уреди | уреди извор]
Градот е сместен крај река Искар, на кривината од југ на исток северно од Стара Планина. Релјефот на општината е полупланински. Најголем дел од нејзината територија заземаат земјоделските површини и шуми. Климата е умерено континентална.
Историја[уреди | уреди извор]
Сегашната населба е основана со изградбата на железничката линија Софија - Горна Орјаховица во крајот на 19 век и населението е дојдено од околните села. На местото се пуштила во употреба станицата „Мездра“ и крај неа почнуваат да се населуваат луѓе. По изградбата на линијата Мездра - Видин, станица Мездра станала втората по важност во Северна Бугарија, веднаш зад Горна Орјаховица.
Голем дел од населението во Мездра се наследници на доселеници од градот Кичево и неговата околина во Македонија. До 1944 г. има културно-просветно друштво со името на познатиот кичевски војвода Јордан Пиперката.
Има статус на град од 1953 г.
Интересно[уреди | уреди извор]
Поморски нос (’рт) Мездра (англиски: ’’Mezdra Point’’) на островот Сноу на Антарктикот е наречен во чест на градот.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Население на Бугарија по градови
- ↑ SCAR Composite Gazetteer of Antarctica: Mezdra Point.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Мездра (Бугарија)“ на Ризницата ? |