Медуника

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Filipendula|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}
Медуника
20140715Filipendula ulmaria.jpg
Научна класификација [ у ]
Непознат таксон (попр): Filipendula
Вид: Медуника
Биномен назив
Filipendula ulmaria
L.

Медуника (науч. Filipendula ulmaria) — повеќегодишна билка од семејството на рози која вирее на влажни ливади. Тaa се наоѓа низ поголемиот дел од Европа и Западна Азија (Близок Исток и Среден Исток). Воведена е и натурализирана во Северна Америка.[1][2]

Опис[уреди | уреди извор]

Стеблата се високи 1 — 2 м, исправени и браздести, црвеникави до понекогаш виолетови. Листовите се остри, со темнозелена боја од горната страна и од долната страна бели и влакнести — многу поделени. Медуниката има нежни, грациозни, кремастобели цвеќиња групирани близу едни до други во неправилно разгранета форма, кои имаат многу силен, сладок мирис. Тие цветаат од почетокот на летото до раната есен и ги посетуваат разни видови инсекти — особено мувите. Цветовите се мали и многубројни.[3][4]

Употреба[уреди | уреди извор]

Целата билка поседува пријатен вкус и мирис — зелените делови имаат сличен ароматичен карактер на цвеќето — што доведува до употреба на растението како распрскувачка билка, расфрлана на подови за да им даде на собите пријатна арома и се користи за вино, пиво и многу видови оцет. Цветовите може да се додадат во компоти и џемови, давајќи им суптилен вкус на бадем. Има многу лековити својства. Целото растение е традиционален лек за кисел желудник, а свежиот корен често се користи во хомеопатски препарати. Исушени, цвеќињата се користат во потпури. Исто така е често користен зачин во скандинавските видови на медовина.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „{{{name}}}“. База на GRIN. (англиски)
  2. „медуника“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Parnell, J. and Curtis, T. 2012. Webb's An Irish Flora. Cork University Press. ISBN 978-185918-4783
  4. Van Der Kooi, C. J.; Pen, I.; Staal, M.; Stavenga, D. G.; Elzenga, J. T. M. (2015). „Competition for pollinators and intra-communal spectral dissimilarity of flowers“. Plant Biology. 18 (1): 56–62. doi:10.1111/plb.12328. PMID 25754608.
  5. „Meadowsweet: Health Benefits, Uses, Side Effects, Dosage & Interactions“. RxList (англиски). Посетено на 2021-04-08.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]