Медицински универзитет (Софија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Координати: 42°39′12″ N; 23°21′32″ E / 42.65344° N; 23.35898° E / 42.65344; 23.35898

Медицински универзитет
Медицински университет
Medical Academy Sofia 20090405 004.JPG
латински: Universitas Medicinae Serdicensis
ГеслоErudiendo, Sciendo, Curando
На македонски
Предади, истражи, излечи
ВидДржавен
Основан1917 (како факултет)
1995 (како универзитет)
РекторВиктор Златков
Наставен кадар
1969
Студенти>9,000
МестоСофија, Бугарија
www.mu-sofia.bg
Sofia Medical University Logo.jpg

Медицинскиот универзитет е универзитет кој се наоѓа во Софија, Бугарија.

Медицинскиот универзитет во Софија е најстарото училиште за високо медицинско образование во Бугарија. До 2013 година, во него се обучувале речиси 4,000 студенти, од кои 800 странски, 121 докторанти, 2237 дипломирани и 23 клинички ординатори.

Од страна на Националната агенција за оценка и акредитација на 27 јули 2006 година бил акредитиран со оценка многу добар.

Медицинскиот универзитет е комплексна структура, изградена од 4 факултети, 1 департмент, 1 колеџ, 1 филијалата и 14 универзитетски болници. Како и во повеќето земји од Западна Европа и САД, тој се состои од 2 главни структури - Претклиничка база и Клиничка база. Во нив работат 1969 професори и научни соработници.

Историја[уреди | уреди извор]

Софискиот медицински универзитет е најстарата установа за високо медицинско образование во Бугарија. Неговото височество Цар Фердинанд го основал со декрет во 1917 година како медицински факултет при Софискиот универзитет.[1]

М. Русев, А. М. Петров, С. Ватев и П. Ораховац ги подготвиле одделенијата на болницата Александровска за потребите на идните клиники и организирале обука на наставниот кадар. Меѓу првите професори по медицина во Бугарија биле В. Молов, П. Стојанов, Свети Киркович, И. Кипров (прв декан), Р. Х. Кан, Т. Петров, Пашев, А. Теодоров итн. Во 1942 година бил отворен оддел за стоматологија и основачи биле доцент С. Давидов, доцент Г. Стилјанов и професорот А. Станишев.

  • 1917 година - Неговото височество Фердинанд I донел закон за создавање на Медицинскиот факултет при Софискиот универзитет.
  • 1918 година - Професор Г. Шишков го извел првото предавање. Темата на предавањето била зоологија.
  • 1950 година - Бил донесен Указот (бр. 246) на Президиумот на Националното собрание, што резултирало Медицинскиот факултет да стане независен под името Медицинска академија и последователно да се оддели од Софискиот универзитет.
  • 1954 година - Медицинската академија била преименувана во Висок медицински институт.
  • 1972 година - Била основана еднообразна медицинска академија, сочинета од сите високи медицински установи во Бугарија.
  • 1990 година - Била распуштена еднообразната медицинска академија, што резултирало во сите повисоки медицински институти да станат независни.
  • 1995 година - На 21 мај, Вишиот медицински институт бил преименуван во Медицински универзитет.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „История на Медицински университет - София“ (бугарски). Медицински универзитет - Софија. Посетено на 6 март 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]