Медиумска организација за Југоисточна Европа
![]() Лого на СЕЕМО. | |
Кратенка | СЕЕМО |
---|---|
Основана | 14 октомври 2000. |
Тип | невладина |
Цел | развој на медиумите во регионот на ЈИЕ |
Седиште | Виена, Австрија |
Регион | Југоисточна Европа |
Членство | 23 медиумски компании од 9 земји |
Службени јазици | англиски |
Генерален секретар | Оливер Вујовиќ |
Матична организација | Меѓународен институт за медиуми |
Мреж. место | seemo.org |
Медиумската организација за Југоисточна Европа (англ. South East Europe Media Organisation, SEEMO) била основана од претставници на 23 медиумски организации од девет земји од југоисточна Европа на 14-15 октомври 2000. година. Генерален секретар Оливер Вујовиќ.
Организацијата е регионална, невладина, непрофитна мрежа на уредници, директори на медиуми и угледни новинари од списанија, радио и ТВ станици, новински агенции и нови медиуми од југоисточна Европа. Преку своите комитети СЕЕМО настојува да воспостави мост помеѓу активностите на медиумите во светот и развојот на медиумите во регионот.
Една од главните активности на СЕЕМО е заштита на слободата на печатот преку поддршка на новинарите и медиумите. Преку 60% од протестните реакции на СЕЕМО до владите и други власти, имале позитивни резултати. Секој протест на СЕЕМО се доставува и до водечките регионални и меѓународни медиуми, националните и меѓународните владини и невладини организации, политичари и јавни личности и установи.
![]() | Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |