Медитеранско грмушарче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Медитеранско грмушарче
Sylvia nisoria hortensis naumann.jpg
Возрасен мажјак (центар)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Грмушари
Род: Sylvia
Вид: Медитеранско грмушарче
Биномен назив
Sylvia hortensis
(Gmelin, 1789)

Медитеранското грмушарче (науч. Sylvia hortensis) е мала врапчевидна птица од фамилијата грмушари (Sylvidae), типичен претставник на родот грмушарчиња (Sylvia). Овој вид се размножува околу Медитеранот, преку Турција и Кавказ до Централна Азија. Таа е птица преселница, која зимува под Сахара, во Африка. Редок скитник е во северна и северозападна Европа.

Опис[уреди | уреди извор]

Медитеранско грмушарче
Sylvia hortensis

Медитеранското грмушарче е долго 15–16 см, малку е поголемо од црноглавото грмушарче и е едно од најголемите видови во фамилијата. За разлика од другите грмушарчиња, мажјаците и женките не се разликуваат многу. Возрасниот мажјак има бледо сив грб и белкави долни делови. Клунот му е долг и тенок, нозете црни. Мажјакот има темно сива глава, црна маска преку очите и бело грло. Ирисот му е бел. Женките и младенчињата имаат посветла глава и кремави долни делови, сивиот грб има кафеавкава нијанса. Ирисот кај младите птици е темен.[1] Песната е серија од чрчорења.

Однесување[уреди | уреди извор]

Живеалиштето на оваа птица се отворените простори со грмушки. Се храни со инсекти, но и со бобинки меко овошје.[2] Гнездото го градат скриено во грмушки или на дрво. Несат 4-6 јајца.

Подвидови[уреди | уреди извор]

Се прифаќаат два подвида од медитеранското грмушарче[3], но, некои ги сметаат за посебни видови[4]:

  • Sylvia (hortensis) hortensis, западно медитеранско грмушарче, во југозападна Европа, источно до Јадранско Море; мажјаците се порозовкави, а женките покремави одоздола;
  • Sylvia (hortensis) crassirostris, источно медитеранско грмушарче - вклучувајќи ги balchanica и jerdoni, на Балканот преку Турција, Кавказ до Централна Азија; клунот им е подолг и посилен; малку црвеникави одоздола.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.ibercajalav.net/img/369_OrpheanWarblerShortensis.pdf
  2. Snow, David W.; Perrins, Christopher M.; Doherty, Paul & Cramp, Stanley (1998): The complete birds of the western Palaearctic on CD-ROM. Oxford University Press. ISBN 0-19-268579-1
  3. Snow et al. 1998
  4. Helbig 2001, Jønsson & Fjeldså 2006


Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikisource-logo.svg
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: