Медитерански игри - 2001

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
XIV Медитерански игри
Тунис 2001
Град домаќин Тунис, Тунис
Број на држави 23
Број на спортисти 3.041
Број на спортови 23
Број на натпревари 230
Отворање 2 септември 2001
Затворање 15 септември 2001
Стадион Стадион 7 ноември

14. Медитерански игри се одржаа во Тунис, Тунис од 2 до 15 септември 2001. На игрите учествуваа спортисти од 23 земји, кои се натпреварувале во 23 спортови. Со организацијата на овие игри, Тунис стана првиот и досега единствен град, којшто бил домаќин на две Медитерански игри.

Освојувачи на медали[уреди | уреди извор]

Табелата е составена според бројот на освоени златни медали. При ист број на златни медали, се зема предвид вкупниот број на сребрени, а потоа и вкупниот број на бронзени медали. При еднаков број на освоени златни, сребрени и бронзени медали, местото е исто за сите земји со ваков резултат, при што во табелата се подредени по азбучен редослед. Овој систем го користи и МОК.

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  Франција 40 32 50 122
2  Италија 38 59 39 136
3  Турција 33 16 12 61
4  Шпанија 31 26 41 98
5  Грција 28 33 26 87
6 Тунис Тунис (домаќин) 19 12 25 56
7  Алжир 10 10 12 32
8 Египет Египет 7 13 17 37
9  Хрватска 6 6 6 18
10 Мароко Мароко 6 4 5 15
11  Словенија 5 5 10 20
12 Југославија Југославија 3 5 14 22
13  Кипар 1 1 3 5
14 Сирија Сирија 0 5 4 9
15 Либан Либан 0 1 1 2
16  Албанија 0 1 0 1
17  Босна и Херцеговина 0 0 3 3
18 Flag of Libya.svg Либија 0 0 1 1
Вкупно 227 229 269 725


Надворешни врски[уреди | уреди извор]