Средоземни игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Медитерански игри)
Средоземни игри
Знаме на игрите
Плакат за I Средоземни игри во Александрија, 1951 г.
Први1951 (Александрија, Египет)
Честотана 4 години
Последни2018, Тарагона, Шпанија
Целспортови во Средоземјето
ПретседателАмар Адади (Алжир)
Мреж. местоМКСИ

Средоземни игри (или Медитерански игри) — меѓународно спортско натпреварување, кое се одржува на секои четири години. Земјите-учеснички мора да бидат дел од средоземната цивилизација. Овој настан го предложил Мохамед Тахер-паша, кој бил претседател на Олимпискиот комитет на Египет за време на Летните олимписки игри 1948. Првите Средоземни игри се одржале во 1951 г. во Александрија, еден од најголемите градови на Египет. Првите 10 игри се одржувале една година пред Олимписките игри, но во 1991 било одлучено игрите да се одржуваат една година по Олимписките игри.

Македонија за првпат почнала да учествува на XVII Средоземни игри во Мерсин, 2013 г.

Историја на Средоземните игри[уреди | уреди извор]

Првите Средоземни игри[уреди | уреди извор]

Првите Средоземни игри се одржале во месец октомври во 1951 г. во Александрија, во чест на Мохамед Тахер-паша, кој ја изнел идејата за овој настан. На настанот учествувале 734 спортисти од 10 земји, кои настапиле во 13 спортови. Веќе на вторите игри, кои се одржале во 1955 г. Во Барселона е основано контролно тело, кое ги надгледува натпреварувачите во сите натпревари и врши анти-допинг контрола. На 16 јуни 1961 г., ова тело го добило своето официјално име: Службен одбор на Средоземните игри (француски: Comité International des Jeux Méditerranéens).

Врховно тело[уреди | уреди извор]

Средоземните игри, како спортски настан кој се одржува секои четири години има углед на најголем спортски настан околу Средоземното Море. Настанот предизвикува голем интерес кај земји од три континенти: Европа, Африка и Азија. Специфичноста на овие игри е способноста на малите земји да освојат медал. Нема ниту една држава, чиј претставник не освоил барем еден медал, па дури и држави како Либан и Сан Марино освоиле медал. Покрај спортот, идеологијата на овој настан се заснова и на создавање на можност за мирна и праведна соработка на спортистите од трите континенти.

Игрите се одржуваат под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, но за нивното одржување е одговорен Грчкиот олимписки комитет. Седиштето на Одборот на Средоземните игри се наоѓа во Атина, а секретарот мора да биде Грк. Обврските, кои Грција ги има како еден од главните организатори на Средоземните игри се исполнува и со напорите на Владата на Грција, која инвестира во развојот на игрите.

Одлики на Средоземните игри[уреди | уреди извор]

Лого[уреди | уреди извор]

Официјалното лого на Средоземните игри, кои се нарекуваат Средоземни олимписки игри се состои од три круга, кои ги симболизираат трите континенти, чии земји се натпреваруваат. Круговите се одржуваат во сината позадина, која го симболизира морето површина сино. За време на церемонијата на затворање на игрите, знамето се предава на претставник од земјата-домаќин на следните Средоземни игри.

Земји-учеснички[уреди | уреди извор]

Земји-учеснички на Средоземните игри

На игрите тековно учествуваат вкупно 26 земји:[1]

Единствена земја, чие уество ѝ е дозволено, а не учествува е Израел. Иако географски не припаѓаат на Средоземјето, некои земји како на пример Македонија, Португалија, Србија, Андора и Сан Марино, кои веќе учествуваат може да влијае на игрите да учествуваат и некои арапски земји.

Градови-домаќини[уреди | уреди извор]

Назив Година Место Земја
I Средоземни игри 1951 Александрија Египет
II Средоземни игри 1955 Барселона Шпанија
III Средоземни игри 1959 Бејрут Либан Либан
IV Средоземни игри 1963 Неапол  Италија
V Средоземни игри 1967 Тунис Тунис Тунис
VI Средоземни игри 1971 Измир  Турција
VII Средоземни игри 1975 Алжир  Алжир
VIII Средоземни игри 1979 Сплит СФРЈ СФР Југославија
IX Средоземни игри 1983 Казабланка Мароко Мароко
X Средоземни игри 1987 Латакија Сирија Сирија
XI Средоземни игри 1991 Атина  Грција
XII Средоземни игри 1993 Лангдок-Русијон  Франција
XIII Средоземни игри 1997 Бари  Италија
XIV Средоземни игри 2001 Тунис Тунис Тунис
XV Средоземни игри 2005 Алмерија  Шпанија
XVI Средоземни игри 2009 Пескара  Италија
XVII Средоземни игри 2013 Мерсин  Турција
XVIII Средоземни игри 2018 Тарагона  Шпанија
XIX Средоземни игри 2022 Оран  Алжир

Застапени на спортови[уреди | уреди извор]

На игрите затапени се вкупно 33 спортови.

Спорт Воведен
Стреличарство 1971
Атлетика 1951
Бадминтон 2013
Кошарка 1951
Одбојка на плажа 2005
Боќање 1997
Бокс 1951
Кајакарство 1979
Велосипедизам 1955
Скокови во вода 1951
Коњички спортови 1955
Спорт Воведен
Мечување 1951
Хокеј на трева 1955
Фудбал 1951
Голф 1983
Гимнастика 1951
Ракомет 1967
Џудо 1971
Карате 1993
Хокеј на ролшуи 1955
Веслање 1951
Рагби 1955
Спорт Воведен
Едрење 1955
Стрелаштво 1951
Пливање 1951
Пинг-понг 1971
Теквондо 2013
Тенис 1963
Одбојка 1959
Ватерполо 1951
Скијање на вода 2009
Кревање тегови 1951
Борење 1951

За учество на жени било одлучено уште во 1959, но за првпат учествувале во 1967 г.

Освоени медали по земји[уреди | уреди извор]

Ранг Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  Италија 876 740 687 2303[3]
2  Франција 631 576 533 1740[3]
3  Турција 341 243 278 862[3]
4  Шпанија 329 449 544 1322[3]
5  Југославија* 199 177 182 558[3]
6  Грција 192 247 339 778[3]
7  Египет 142 194 231 567[3]
8  Тунис 83 93 146 322[3]
9  Мароко 69 77 99 245[3]
10  Алжир 66 59 115 240[3]
11  Хрватска 51 62 69 182[3]
12  Словенија 49 56 90 195[3]
13  Србија* 49 53 75 177[3]
14  Сирија 28 39 76 143[3]
15 Обединета Арапска Република ОАР 23 21 30 74[3]
16  Кипар 14 19 18 51[3]
17  Либан 10 23 42 75[3]
18  Албанија 9 18 17 44[3]
19  Босна и Херцеговина 4 8 19 31[3]
20  Сан Марино 3 9 5 17[3]
21  Португалија 3 8 13 24[3]
22  Црна Гора 3 5 8 16[3]
23  Косово 3 1 0 4[3]
24  Македонија 2 2 7 11[3]
25  Либија 2 1 13 16[3]
26  Малта 1 3 4 8[3]
27  Монако 0 3 1 4[3]
Вкупно 2686 2686 3023 8395

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Земји-учеснички“. Пескара 2009. Архивирано од изворникот на 2008-01-21. Посетено на 15 март 2018. (англиски)
  2. Признаена на Средоземните игри, иако не во ООН. Почнала да учествува во 2018 г.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 3,15 3,16 3,17 3,18 3,19 3,20 3,21 3,22 3,23 3,24 3,25 3,26 „Табела на медали по земји и по игри“. (англиски)
  4. „International Committee of the Mediterranean Games“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]