Црноглав галеб

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Медитерански галеб)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Црноглав галеб
Larus melanocephalus aka Mediterranean Gull rare guest in Sweden2.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Галеби
Род: Галеби-рибари
Вид: Црноглав галеб
Биномен назив
Ichthyaetus melanocephalus
(Temminck, 1820, брег на Јадранот)
Распространетост на црноглавиот галеб      размножувалишта      живеалишта      презимувалишта
Синоними

Larus melanocephalus

Црноглав галеб (науч. Ichthyaetus melanocephalus) — мал галеб кој живее речиси на целиот западен палеарктик, главно на југоисток , особено околу Црното Море и средна Турција. Има колонии и на други места во јужниот дел на Европа, а претрпе драматична експанзија во последните децении. Го има и во Македонија.

Распросранетост[уреди | уреди извор]

Порано, црноглавниот галеб бил ограничено распространет крај Црното Море и источниот дел на Средоземјето, но овој вид сега се прошири во поголемиот дел од Европа. Во Велика Британија и Ирска имаше 543 - 592 парови во 2008 година. Во Ирска размножувањето е забележано во најмалку четири окрузи. Тие се распространети, исто така, и во Белгија, Холандија, Данска, Шведска, Естонија, Швајцарија, Чешка, Унгарија и на Балканот. Зиме, овие птици се селат во Средоземјето и на брегот на Атлантскиот Океан.

Опис[уреди | уреди извор]

Црноглавиот галеб е малку поголем и покрупен од црноглавиот галеб, со подебел и поцврст клун и подолги, потемни нозе. Во сезона на парење возрасниот црноглав галеб е бел, со мошне бледо сива наметка и крила со бели примарни пердуви, со црна „маска“ на главата која е контрастна на белите линии околу очите. Клунот е тап, темно црвен со црна лента при врвот. Вон сезона на парење возрасните се слични, но „маската“ е помала и станува црна лента врз очите како на разбојник. На оваа птица ѝ треба две години да стигне до зрелоста. Првата година птици имаат црни опашки и повеќе црни области кај пердувите, но имаат бледи пердуви под крилјата.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Прехранбените навики на црноглавиот галеб се многу опортунистички: јаде риба, црви, остатоци, инсекти, внатрешни органи и мрши.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Butchart, S.; Symes, A.. Larus melanocephalus. „Црвен список на МСЗП“ (МСЗП) том  2015: e.T22694443A85050054. http://www.iucnredlist.org/details/22694443/0. посет. 28 април 2016 г.  (англиски)
Извори

Надворешни врски[уреди | уреди извор]