Медитерански буравесник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Медитерански буравесник
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Цевконосни
Семејство: Procellariidae
Род: Puffinus
Вид: Медитерански буравесник
Биномен назив
Puffinus yelkouan
(Acerbi, 1827)
Синоними

Procellaria yelkouan Acerbi, 1827
Puffinus puffinus yelkouan (Acerbi, 1827)
Puffinus yelkouan yelkouan (Acerbi, 1827)

Медитеранскиот буравесник (Puffinus yelkouan[1]) или во Македонија попознат како мал завој е средно-голема морска птица од редот на цевконосните. Според списокот на „Авибазата“ на Denis Lepage, оваа птица ја има во Македонија, но нејзиното присуство не е посведочено.

Опис и идентификација[уреди | уреди извор]

Овие птици се 30-38 см долги, со 76-89 см распон на крилјата. Летаат сечејќи го воздухот, брцнувајќи во водата од место на место со здрвени крилја, мавтајќи и речиси допирајќи ја водата со врвот од крилата. Личат на летачки крст. Со своите крилја формираат прав агол во однос на телото и ја менуваат бојата од темно кафена во бела бидејќи темните горни делови на телото и посветлите делови на долниот дел се наизменично откриени додека таа лета ниско над морето. Тивки се во морето, но во текот на ноќта колониите каде се размножуваат живнуваат со бучно зарипнато крекање, со поголем интензитет, но поразвлечено во споредба со птиците од островот Ман (мановите буравесници).

Таксономија[уреди | уреди извор]

Порано се сметаше дека оваа птица е подвид на мановиот буравесник[2]. Денеска тие се сметаат за монотипичен вид, кој припаѓа на медитеранската и соседната атлантска група буравесници.[3][4]

Живеалиште и статус[уреди | уреди извор]

Медитеранските буравесници се размножуваат на острови и крајбрежни гребени во Источен и Централен Медитеран. Повеќето презимуваат во тоа море, но помал број влегуваат во Атлантикот на крајот од летото. Овој вид се гнезди во дупки, кои ги посетуваат само во текот на ноќта за да ги избегнат грабливците како што се големите галеби. Овие птици се многу друштвени и можат да се забележат во голем број, од бродови или од копно, особено на есен. Тие се хранат со риби и школки. Ги следат рибарските бродови, од кои се фрлаат остатоци од храна. Тие се во опасност поради изградба на одмаралишта во близина на местата за размножување, а исто така и од животни како што се стаорците и мачките. На островот Ле Левант, една од нивните главни локации за размножување, мачките убиваат илјадници птици секоја година и се смета дека ова може да доведе до исчезнување на овој вид за неколку децении.[5] Порано, тие биле класифицирани како најмалку загрозен вид,[6] но новото истражување покажа дека се поретки отколку што се веруваше. Следствено, тие се најдоа на листата на речиси загрозените видови во 2008 година[7] и ранливи во 2012 година.[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Етимологија: Puffinus е новолатинска форма од англискиот термин "puffin" (со кој буравесниците се целосно неповрзани). yelkouan, доаѓа од турскиот yelkovan, "ветрокршачи", локален назив за буравесниците, посебно за овој вид.
  2. Harrison (1988)
  3. Wink et al. (1993), Heidrich et al. (1998), Sangster et al. (2002)
  4. Austin (1996)
  5. Bonnaud, E. et al. (2012), Predation by cats could lead to the extinction of the Mediterranean endemic Yelkouan Shearwater Puffinus yelkouan at a major breeding site. Ibis, 154:566–577.
  6. BLI (2004)
  7. BLI (2008)
  8. „Recently recategorised species“. Birdlife International (2012). http://www.birdlife.org/action/science/species/global_species_programme/whats_new.html. конс. 14 јуни 2012. 
  • Alcover, Josep Antoni
Документација[создај]

</noinclude> (2001): Nous avenços en el coneixement dels ocells fòssils de les Balears. Anuari Ornitològic de les Balears 16: 3-13. [Article in Catalan, English abstract] PDF fulltext

  • Austin, Jeremy J.
Документација[создај]

</noinclude> (1996): Molecular Phylogenetics of Puffinus Shearwaters: Preliminary Evidence from Mitochondrial Cytochrome b Gene Sequences. Mol. Phylogenet. Evol. 6(1): 77–88. doi:10.1006/mpev.1996.0060 (HTML abstract)

Документација[создај]

</noinclude> (2004). Puffinus yelkouan. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 г. МСЗП 2006. консултирано на 12 May 2006 (англиски)

Документација[создај]

</noinclude> (2008): [2008 IUCN Redlist status changes]. Retrieved 2008-MAY-23.

  • Genovart, Meritxell; Juste, Javier & Oro, Daniel
Документација[создај]

</noinclude> (2005): Two sibling species sympatrically breeding: a new conservation concern for the critically endangered Balearic shearwater. Conservation Genetics 6(4): 601–606. doi:10.1007/s10592-005-9010-z PDF fulltext

  • Harrison, Peter
Документација[создај]

</noinclude> (1988): Seabirds (2nd ed.). Christopher Helm, London ISBN 0-7470-1410-8

  • Heidrich, Petra; Amengual, José F. & Wink, Michael
Документација[создај]

</noinclude> (1998): Phylogenetic relationships in Mediterranean and North Atlantic shearwaters (Aves: Procellariidae) based on nucleotide sequences of mtDNA. Biochemical Systematics and Ecology 26(2): 145–170. doi:10.1016/S0305-1978(97)00085-9 PDF fulltext

  • Sangster, George; Knox, Alan G.; Helbig, Andreas J. & Parkin, David T.
Документација[создај]

</noinclude> (2002): Taxonomic recommendations for European birds. Ibis 144(1): 153–159. doi:10.1046/j.0019-1019.2001.00026.x PDF fulltext

Документација[создај]

</noinclude> (1990): Distribution and taxonomy of the birds of the world. Yale University Press, New Haven, CT. ISBN 0-300-04969-2

  • Wink, Michael; Heidrich, Petra & Ristow, D.
Документација[создај]

</noinclude> (1993): Genetic evidence for speciation of the Manx shearwater (Puffinus puffinus) and the Mediterranean Shearwater (P. yelkouan). Die Vogelwelt 114(6): 226-232. [Article in English with German abstract] PDF fulltext

Надворешни врски[уреди | уреди извор]