Медитеранео (филм од 1991)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Медитеранео (англиски: Mediterraneo) - италијански филм од 1991 година, во режија на Габриеле Салваторес (Gabriele Salvatores) според сценариото на Енцо Монтелеоне (Enzo Monteleone). Главните улоги ги граат: Диего Абатантуоно (Diego Abatantuono), Клаудио Багаљи (Claudio Bigagli), Џузепе Чедерна (Giuseppe Cederna), Лујџи Монтини (Luigi Montini) и Вана Барба (Vana Barba). Филмот освоил вкупно осум награди, меѓу кои и „Оскар“ за најдобар странски филм, а имал уште 17 номинации.[1] Исто така, филмот остварил и голема популарност кај публиката.[2]

Синопсис[уреди | уреди извор]

За време на Втората светска војна, група италијански војници се оставени на еден мал остров во Егејското Море, со цел да набљудуваат. Тие се изненадени од тоа што во местото нема ниту еден човек. Несигурни во себе и исплашени, набрзо остануваат отсечени од светот, зашто еден војник ја уништува радио-станицата. Сепак, наскоро, жителите на местото се појавуваат при што сите се старци, жени и деца. Тогаш, војниците се зближуваат со месното население: двајца италијански војници запознаваат убава девојка-овчарка и таа им станува љубовница; кај војниците доаѓа проститутката Василиса (ја игра Барба) која им ги нуди своите услуги; на молба на попот (го игра Монтини), поручникот Монтини (го игра Багаљи) започнува да ги слика фреските во црквата итн. Еден ден, на островот доаѓа турски рибар, кој ги опива војниците со опиум, а потоа им ги краде оружјето и другите вредни работи. Еден од војниците, Фарина (го игра Чедерна) се вљубува во Василиса и тие прават свадба. Еден ден, на островот слетува италијански пилот и во разговорот со него војниците дознаваат дека веќе три години се наоѓаат заробени на островот и дека Италија капитулирала. Најпосле, на островот пристигнува англиската морнарица и војниците се враќаат дома, со исклучок на Фарина која останува. Многу години подоцна, островот го посетуваат многу туристи, меѓу кои и Монтини. Тој го здогледува гробот на Василиса и истоимениот ресторан, потоа го посетува Фарина, а таму го среќава и наредникот Лорусо (го ихра Абатантуоно), кој се разочарал од состојбата во Италија и се вратил да живее на островот.[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]