Прејди на содржината

Меден колач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Меден колач
Главни состојкиѓумбир, мед или меласа

Меден колач (англиски: gingerbread — „ѓумбиров леб“) — широка категорија на печива, кои обично се ароматизирани со ѓумбир, каранфилче, морско оревче и цимет, а се засладуваат со мед, шеќер или меласа.[1]

Овие медени колачи можат значително да се разликуваат по својата густина — од мек и сочен лебен колач до крцкав меден бисквит.

Историја

[уреди | уреди извор]

Се тврди дека медениот колач бил донесен во Европа во 992 г. од ерменскиот монах Григориј Никополски (познат и како Григориј Макар и Грегоар де Никопол).

Тој го напуштил Никопол (во денешна Западна Грција) за да живее во Бондароа (Северно-средна Франција), во близина на градот Питивје. Останал таму седум години, до неговата смрт во 999 г., и за тоа време ги поучил француските христијани како да печат меден колач. Можно е овој колач да бил донесен во Западна Европа од Источниот Медитеран во XI век.[2]

  1. The Oxford Companion to Sugar and Sweets. Oxford University Press. 1 април 2015. ISBN 978-0-19-931362-4.
  2. Fiegl, Amanda. „A Brief History of Gingerbread“. Smithsonian Magazine. Посетено на 2020-12-20.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]