Медб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кралицата Маев од Џозеф Кристијан Лејендекер

Медб (Старо-ирски правопис: [mɛðv]; понекогаш англицизирано како Маев) е кралица на Конахт во Алстерскиот Циклус на ирската митологија. Таа владее од Крухан (сега Ратгроган, Каунти Роскомон). Таа е непријател (и поранешна сопруга) на Конхобар, син на Неса, крал на Алстер, а е најпозната по започнувањето на Táin Bó Cúailnge ("Препадот за добитокот на Кули") за да го украде наградниот бик на Алстер. Медб инсистираше таа да биде еднаква во богатство со нејзиниот сопруг, и го започна препадот за добитокот на Кули кога открила дека мажот и Ајлил, син на Мата бил еден моќен бик побогат од неа. Даир првично се согласи да и го даде бикот кој го барала. Но, кога пијан гласник изјави дека, ако не се согласи, бикот би бил одземен со сила, Даир ја повлече својата согласност, и Медб се подготви за војна.

Некои историчари сугерираат дека таа веројатно првично беше "сувернитетска божица", со која кралот ритуално ќе се ожени, како дел од неговата инаугурација.[1] Медб Летдерг, која врши слична функција во Тара е веројатно идентична или инспирација за оваа Медб.[2][3] Аргументот на Медб со нејзиниот консорт содржи предлози за матрилинеарност, како и фактот што Ајлил го преземал неговото име од својата мајка Мата Мјуириск, а Конхобар од својата мајка Неса.[4] Од неодамна, ирски и ирско-американски поети ја сметаат Медб за слика на моќта на жената, вклучувајќи ја сексуалноста, како во "Labhrann Medb" ("Медб зборува") од ирскиот поет Нуала Ни Домнејл[5] и "Интоксикација" од ирско-американскиот поет Патриша Монаган.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dexter, Miriam Robbins. "Indo-European Reflections of Virginity and Autonomy." Mankind Quarterly, 26 (1–2): 57–74 (Fall/Winter 1985)
  2. Byrne, Francis John, Irish Kings and High-Kings. Four Courts Press, Dublin. 2nd edition, 2001
  3. t. F. O'Rahilly: Early Irish History and Mythology, Dublin 1946 – cited in Thomas Kinsella: THE TAIN Dolmen Press, Dublin 1969/1986 ISBN 0-85105-178-2
  4. Dexter, Miriam Robbins. "The Brown Bull of Cooley and Matriliny in Celtic Ireland" in From the Realm of the Ancestors: Essays in Honor of Marija Gimbutas: 218–236. Joan Marler, ed. Manchester, Connecticut: Knowledge Ideas and Trends, 1997.
  5. Ní Dhomhnaill, Nuala, "Rogha Dánta/Selected Poems", Raven Arts Press, 1988
  6. Monaghan, Patricia, "The Red-Haired Girl from the Bog," New World Library, 2003, p. 75-106