Мегна
| Мегна Долна Мегна | |
|---|---|
Мегна на карта на Бангладеш | |
![]() | |
| Изворно име | মেঘনা নদী |
| Местоположба | |
| Земји | Бангладеш |
| Физички особености | |
| Извор | |
| • место | Чандпур (спој на Падма и Горна Мегна) |
| • координати | 23°13′11.1792″N 90°37′49.5708″E / 23.219772000°N 90.630436333°E |
| • надм. вис. | 0,5 м |
| Устие | |
• место | Бенгалски Залив |
• координати | 22°0′46.7064″N 90°51′34.848″E / 22.012974000°N 90.85968000°E |
• надм. вис. | 0 м |
| Должина | 130 км[1] |
| Големина на сливот | 1.574.224 км2[1] |
| Проток | |
| • место | Чандпур |
| • просечен | 40.533 м3/с[1] |
| • најмал | 10.000 м3/с |
| • најголем | 160.000 м3/с |
| Особености на сливот | |
| Речен слив | Ганг |
| Притоки | |
| • леви | Горна Мегна |
| • десни | Падма |
Мегна (бенгалски: মেঘনা নদী) — една од двете главни реки на Бангладеш[2] и една од трите кои ја образуваат Делтата на Ганг — најголемата речна делта на светот која навлегува во Бенгалскиот Залив. Мегна е дел од речниот систем Сурма-Мегна, и се образува во округот Кишореганџ во Бангладеш над градот Бајраб Базар со спојувањето на реките Сурма и Кушијара, кои пак извираат од ридските краишта на источна Индија како реката Барак. Мегна ја прима првата поголема притока Падма во округот Чандпур. Други поважни притоки се Далешвари, Гумти и Фени. Реката завршува во Бенгалскиоит Залив во округот Бола преку четири главни устија наречени Тетулија (Илша), Шахбазпур, Хатија и Бамни.
Ова е најшироката река која тече целосно во Бангладеш. Кај Бола е широка 13 км. Во долното течение коритото е речиси совршено право.
Горна Мегна
[уреди | уреди извор]Течение
[уреди | уреди извор]Мегна се образува со спојот на реките Сурма and Кушијара, кои доаѓаат од повисоките делови на источна Индија. Надолу до округот Чандпур, Мегна хидрографски се нарекува Горна Мегна. Откако ќе ја прими притоката Падма, почнува да се нарекува Долна Мегна.
| Горна Мегна (মেঘনা নদী) Барак, Сурма, Кушијара, Kalni | |
|---|---|
Поглед на Мегна од мост | |
![]() | |
| Местоположба | |
| Земји | Бангладеш |
| Физички особености | |
| Извор | |
| • место | спој на Кални и Гораутра |
| • координати | 24°9′16.902″N 90°59′9.8376″E / 24.15469500°N 90.986066000°E |
| • надм. вис. | 1 м |
| Устие | |
• место | Чандпур |
• координати | 23°15′19.4112″N 90°38′41.892″E / 23.255392000°N 90.64497000°E |
• надм. вис. | 0,5 м |
| Должина | 140 км (Горна Мегна–Кални–Кушијара–Барак 1.040 км)[1] |
| Големина на сливот | 85.401 км2[1] |
| Проток | |
| • место | Чандпур |
| • просечен | 5.603 м3/с[1] |
| Проток | |
| • место | Бајраб |
| • просечен | 5.486 м3/с[3] |
| • најголем | 13.000 м3/с[3] |
| Особености на сливот | |
| Течение | Мегна (Долна Мегна) → Бенгалски Залив |
| Речен слив | Ганг |
| Притоки | |
| • леви | Кални, Гумти, Титас |
| • десни | Гораутра, Стара Брамапутра, Далешвари |
Близу Муладули во округот Барисал се наоѓа реката Сафипур, разгранок на Сурма кој создава една од главните реки во Јужен Бенгал. Широка е 1,5 км, и со тоа една од најшироките во земјата.
Кај Чаталпар во округот Браманбарија реката Титас се двои од Мегна и откако ќе направи два големи свијока во растојание од 240 км, повторно се влева во Мегна кај подокруот Набинагар. Титас се образува како еден водотек, но потоа се расплетува во два водотека кои остануваат одвоени пред повторно да се спојат со Мегна.
Во Даудканди во округот Комила, на Мегна и се приклучува реката Гумти, што значително го зголемува количеството на вода. Двата моста преку Мегна и Гумти се најголемите во земјата.
Понатаму на Мегна ѝ се придружува Далешвари пред Чандпур. Подолу, реката Падма — најголемата притока на Ганг во Бангладеш заедно со реката Џамуна — најголемата притока на Брамапутра, се влева во Мегна во округот Чандпур, и така настанува Долна Мегна.
По Чандпур здружениот тек на Падма, Џамуна и Мегна се спушта кон Бенгалскиот Залив во речиси права линија, повремено исплетувајќи се во разни рекички како Пагли, Каталија, Донагода, Матлаб и Удамоди. Сите овие реки повторно се враќат во Мегна на различни места низводно.
Близу Бола, веднаш пред да се влие во Бенгалскиот Залив, реката повторно се дели на два водотека во делтата на Ганг и прави остров. Западниот водотек се нарекува Илша, а источниот го носи името Бамни. Тие ја сочинуваат најголемата делта на светот — Делтата на Ганг.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 6 „Ganga (Ganges)-Brahmaputra“.
- ↑ Masud Hasan Chowdhury (2012). „Meghna River“. Во Sirajul Islam and Ahmed A. Jamal (уред.). Banglapedia: National Encyclopedia of Bangladesh (Second. изд.). Asiatic Society of Bangladesh. Посетено на 27 февруари 2020.
- 1 2 Anne, Gädeke; Michel, Wortmann; Christoph, Menz; Saiful, Islam; Muhammad, Masood; Valentina, Krysanova; Stefan, Lange; Fred, Fokko Hattermann (2022). „Climate impact emergence and flood peak synchronization projections in the Ganges, Brahmaputra and Meghna basins under CMIP5 and CMIP6 scenarios“. Environmental Research Letters. 17 (9). Bibcode:2022ERL....17i4036G. doi:10.1088/1748-9326/ac8ca1.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Мегна на Ризницата ?- Мегна на Банглапедија (англиски)
- Речен систем Сурма-Бегна на Банглапедија (англиски)
