Прејди на содржината

Мегафон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мегафон

Мегафон[1][2] (од грчките: μέγας, мегас - голем и φωνή, фоне - звук) — преносен уред во облик на долга цевка за говор со отвор во облик на ѕвонче. Се користи за засилување на звукот во посакуваната насока.

Микрофонот е обично внатрешен, но некои мегафони имаат посебен, рачен микрофон. Посебен микрофон обично се користи за мегафони со моќност поголема од 20 W. Се користи во разни видови настани за кои употребата на звучна опрема не е можна или е сложена. Мегафонот се користи нашироко поради неговата добра преносливост и едноставност на користење.

Акустичен мегафон

[уреди | уреди извор]

Мегафонот првично, пред појавата на електрониката, бил направен од едноставна издолжена инка. Најтесниот дел бил прилагоден на големината на устата, со што се овозможувало гласот природно да биде засилен.

Не е точно познато кој го измислил мегафонот, бидејќи првиот уред сличен на мегафон е поврзан со две имиња, Самуел Морланд и Атанасиј Кирхер. Морланд, во дело објавено во 1655 година, пишувал за опити со различни рогови и за најуспешната варијанта. 20 години претходно, Кирхер опишал уред што можел да се користи како засилувач на звук.

Поимот мегафон првпат го употребил Томас Едисон 200 години подоцна. Во 1878 година, тој конструирал уред сличен на труба за засилување на звукот за употреба од страна на глуви и наглуви лица.

Од 1960-тите, акустичните мегафони се заменети со електрични мегафони, иако евтините и лесни акустични мегафони сè уште ги користат спортските навивачи или спасувачите на базените и плажите, каде што влагата може да ја оштети електрониката во електричните мегафони.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Акустичниот мегафон има едноставна градба. Не содржи никаков електронски уред за засилување на звукот. Звукот се засилува во зависност од обликот и видот на материјалот, како и од насоката на самиот мегафон. Акустичниот мегафон има облик на конус со отвор на помалиот крај што се држи непосредно пред устата на говорникот. Звукот поминува низ телото на мегафонот и излегува на поширокиот крај на конусот. На телото на мегафонот има рачка со која лесно со една рака може да се помести мегафонот во саканата положба. Акустичните мегафони се направени од комбинации на материјали, се користат метални делови, комбинации од пластика и метал, па дури и разни видови дрвени влакна.[3]

Акустичниот мегафон го засилува звукот на два начина:

Електричен мегафон

[уреди | уреди извор]
Анимација на електричен мегафон

Мегафонот станал поефикасен за употреба со употребата на електронска технологија. Иако е значително потежок од акустичниот, електричниот мегафон може значително да го засили звукот, дури преку 90 децибели. Колото во електричниот уред им овозможува на корисниците да ја прилагодат јачината на звукот и модулацијата на гласот користејќи тастатура или сет прекинувачи сместени на бочната страна на уредот.[4][5]

Електричниот мегафон е електричен рачен звучник кој го засилува звукот (човечкиот глас) користејќи електрична енергија. Се состои од:

Занимливости

[уреди | уреди извор]
Морнар користи мегафон за да ги разбуди регрутите, американски воен камп во Сиетл од 1947 година.
  • Мегафоните, покрај нивната практична вредност, како и сите видови звучници, имаат и општествен фактор. Мегафоните придонеле за промоција на правата на жените и нивното порамноправно место во општеството. Во Америка, во 1920-тите, на настани како што се Националните републикански и демократски конвенции, кога звучниците станувале сè попопуларни, жените користеле мегафони и други технолошки звучни засилувачи за време на повиците за гласање, а мегафонот станал еден од препознатливите симболи на ваквите настани.
  • Акустичниот мегафон е клишеиран симбол на режисерите, иако современите режисери користеле и електрични мегафони. Со десетлетија, режисерите користеле мегафони за комуникација со глумците и екипата на поголеми сетови кога има многу луѓе и е тешко да се комуницира без засилувач. Првиот што користел мегафон за оваа намена бил режисерот Сесил ДеМил, кој режирал библиски филмови како што се „Десетте заповеди“ и „Кралот на кралевите“. Многу од неговите филмови биле библиски, снимени на отворено и вклучувале стотици глумци и голема снимателска екипа.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „мегафон“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „мегафон“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. What Is a Megaphone?Предлошка:Ботовски наслов
  4. Patent US2218389 - Electroacoustic megaphone - Google PatentsПредлошка:Ботовски наслов
  5. „How Electronic Megaphones Work | Blue Ocean MegaphonesBlue Ocean Megaphones[[:Предлошка:Ботовски наслов]]. Архивирано од изворникот на 10. 08. 2013. Посетено на 12. 09. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help); URL–wikilink conflict (help)