Мев (гајда)
Мев[1][2] — составен дел на гајдата што ги обедувана мелодиските елементи и дувалото.
Изработка
[уреди | уреди извор]За изработувањето на мевот се користи овча или козја кожа на која и претходат одредени зафати со кои се задржува еластичноста и ѝ се отстрануваат влакната, процес кој помеѓу изработувачите на гајди се нарекува штавење. По штавењето кожата се превртува од внатрешната страна со што е подготвена за употреба. Се среќаваат и кожи кај кои влакната не се отстрануваат, а по штавењето страната со влакна останува однадвор или пак кожата целосно го задржува својот надворешен изглед, а во главината за гајдарка се вметнува главата на животното од кое е изработена кожата.[3]
Мевот, покрај функцијата како складиште за воздух, во себе ги обединува и составните делови на гајдата кои се навлекуваат во главините (дувало, гајдарка, брчало, слагарче. На територијата на Република Македонија се употребуваат две варијанти на распоредување на мелодиските елементи и на дувалото. Првата варијанта која е и најраспространета, е кога на местото од предните нозе на животното се врзуваат главините за дувало и брчало додека на вратот се врзува главина во која влегува гајдарката. Главината во која влегува слагарчето, обично се врзува помеѓу дувалото и брчалото малку нанапред кон гајдарката. Втората варијанта на врзување ја среќаваме само во Радовишко и се разликува од првата по тоа што брчалото се наоѓа кај главата од животното додека кај нозете се вметнува гајдарката и дувалото. Слагарчето се наоѓа помеѓу двете нозе.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „мев“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „мев“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- 1 2 Ангелов, Горанчо. „МУЗИЧКИОТ ИНСТРУМЕНТ ГАЈДА И НЕЈЗИНИТЕ ТОНСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ“ (PDF). Посетено на 9 февруари 2026.