Мајорот и малиот (филм од 1942)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мајорот и малиот (англиски: The Major and the Minor) - американски филм од 1942 година, во режија на Били Вајлдер (Billy Wilder), кој е автор и на сценариото, заедно со Чарлс Брекет (Charles Bracket). Филмот е заснован на расказот „Сани оди дома“ (Sunny Goes Home) на Фани Килбурн (Fannie Kilbourne) и на драмата „Кони оди дома“ (Connie Goes Home) на Едвард Чајлдс Карпентер (Edward Childs Carpenter). Главните улоги ги играат: Џинџер Роџерс (Ginger Rogers), Реј Миланд (Ray Milland), Рита Џонсон (Rita Johnson), Роберт Бенчли (Robert Benchley) и Дајана Лин (Diana Lynn). Иако „Мајорот и малиот“ не е прв филм на Вајлдер, сепак може да се смета за првото вистинско негово остварување. Филмот ги најавува централните мотиви во опусот на Вајлдер, како што се преоблекувањето и суптилното тематизирање на необичната сексуалност, претставувајќи го Вајлдер како мајстор на приказната, ритамот, карактерите и гегот.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во Њујорк. Откако променила околу 20 работи во текот на една година, привлечната и интелигентна девојка Сузан Кетлин Еплгејт (ја игра Роџерс) сака да се врати во родното место. Таа смета дека 27,5 долари се доволни за да си купи карта за возот, но на железничката станица дознава дека картата поскапела и чини 32,5 долари за возрасни и 16 долари за деца. Затоа, Сузан се преоблекува како дванаесетгодишно девојче и наговара еден минувач да го глуми нејзиниот татко. Така, Сузан успева да се качи на возот, а откако ќе ја фатат со цигара, таа се крие во кабината на мајорот Филип Кирби (го игра Миланд)...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]