Округот е создаден во 1974 г. со спојување на дотогашните окрузи Ханау, Шлихтерн, Гелнхаузен и поранешниот градски округ Ханау. Ја опфаќа истата територија со некогашната грофовија Хесен-Ханау.
Името на округот доаѓа од двете главни реки во него. Мајна тече долж југозападниот агол на територијата. Кинциг, кој е притока на Мајна, тече низ целиот округ.
Грбот е сплет од грбовите на претходните окрузи споени во 1974 г. Лебедот е преземен од округот Ханау и е старо обележје на неговите грофови. Орелот во левиот дел е земен од градот Гелнхаузен. Превезите во десниот дел се земеени од господарите на Хутен, кои го поседувале подрачјето околу Бад Зоден и Залминстер, порано дел од округот Шлихтерн.