Прејди на содржината

Мајкл Клејтон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ридот што Клејтон го искачувал за да ги гледа коњите

„Мајкл Клејтон“ (англиски: Michael Clayton) – филм на режисерот Тони Гилрој (Tony Gilroy) од 2007 година, снимен по неговото сценарио. Главните улоги ги играат: Џорџ Клуни (George Clooney), Тилда Свинтон (Tilda Swinton), Том Вилкинсон (Tom Wilkinson), Сидни Полак (Sydney Pollack) и Шон Кален (Sean Cullen). За својата улога, Свинтон била наградена со „Оскар“ и „БАФТА“. Филмот бил номиниран за „Оскар“ во шест категории, а за „Златен глобус“ во четири, бил во конкуренција за „Златен лав“ на Венецијанскиот филмски фестивал, а ја освоил наградата на Американскиот филмски институт за најдобар филм на годината.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Мајкл Клејтон (го игра Клуни) е адвокат во престижна адвокатска фирма од Њујорк, а специјалност му е средување на сложените проблеми со примена на неконвенционални методи. Неговиот колега, Артур Еденс (го игра Вилкинсон) претрпува нервен слом за време на клучното сведочење во случајот против главниот клиент на фирмата, Унајтед Норфилд, земјоделски концерн обвинет за производство на канцерогени хербициди. Адвокатката која ја застапува фирмата Јунајтед Норфилд, Карен Краудер (ја игра Свинтон), изнајмува двајца детективи да го следат и да го прислушкуваат Еденс. Еден ден, Еденс е пронајден мртов, а полицијата заклучува дека се работи за самоубиство, но Клејтон се сомнева во тоа и презема сопствена истрага...