Мајкл Џејмисон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мајкл Џејмисон
Лични информации
Целосно имеМајкл Џејмисон
Националност Обединето Кралство
Роден на5 август 1988 (1988-08-05) (31 г.)
Роден воГлазгов, Шкотска
Висина&100000000000001860000001,86 м
Тежина81 килограм
Спорт
ДисциплиниГрадно

Мајкл Џејмисон (роден на 5 август 1988 г. во Глазгов, Шкотска) e британски пливач,[1] кој освоил сребрен медал во дисциплината 200 метри градно на Летните олимписки игри 2012.

Летните олимписки игри 2012[уреди | уреди извор]

Натпреварувајќи се за Велика Британија на Летните олимписки игри 2012, тој освоил сребрен медал на 200 метри градно. Тој го соборил британскиот национален рекорд во дисциплината три пати во натпреварувањето, еднаш во преелиминациите, еднаш во полуфиналето и еднаш во финалето (2:07.43),[2][3] и се доближил до светскиот рекорд на Кристијан Шпренгер на само дванаесет стотинки (2:07.31). Само светскиот рекорд на двократниот светски шампион на 200м градно, Даниел Ѓурта го одделиле Џејмисон од златниот медал.

Тој претходно се натпреварувал и во дисциплината 100 метри градно, но не успеал да се пласира во финалето, откако завршил на третото место во својата полуфинална група.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Неговиот татко, исто така Мајкл, бил професионален фудбалер.[4][5] Џејмисон исто така играл фудбал, но решил да се фокусира на пливање кога имал 13 години.[4] Тој е навивач на фудбалскиот клуб Селтик.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Michael Jamieson“. British Swimming. конс. 31 July 2012. 
  2. Olympics swimming: Michael Jamieson & Andrew Willis in final“, „BBC Sport“, BBC, 31 јули 2012 (посет. 1 август 2012 г).
  3. Fordyce, Tom. „Jamieson wins silver for Britain in 200m breaststroke“, „BBC Sport“, BBC, 1 август 2012 (посет. 1 август 2012 г).
  4. 4,0 4,1 4,2 Law, Gareth. „I dreamed of Hoops.. NOT Olympic rings“, „The Scottish Sun“, News International, 25 јули 2012 (посет. 31 јули 2012 г).
  5. „MIKE JAMIESON“. neilbrown.newcastlefans.com. конс. 31 July 2012.