Прејди на содржината

Маја Митровска

Од Википедија — слободната енциклопедија
М-р Маја Митровска
Роден(а)Битола, СР Македонија 1982
ПотеклоМакедонија Македонија
Жанрови Класична музика
Занимањаоперска певица, музичар, писател, педагог
Инструментиоперска певица

М-р Маја Митровска - музичар, оперска певица, музичар, писател педагог од Битола, родена 1982 година.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

М-р Маја Митровска заврши Државно музичко училиште – Битола, во класата на проф.Пеце Митревски. Дипломира и магистрира во класата на д-р Иванка Нинова - (бугарска мецосопранистка,солист во Софиската национална опера) на НМА ” Панчо Владигеров” во Софија, Р. Бугарија.

Се усовршува во Виена, Австрија. Работела со реномираната Оливера Милјакович (Оливера Миљаковић- член на Виенската опера, од 1987 до 1991 година работела како професорка во Оперското студио на Државната опера во Виена), како и мастер клас на Мирела Паруто и Антонио Боаје од школата “Санта Чечилија” Рим , Италија. Од 2009 година со своето семејство живее во Битола, каде што од 2010 година работи како професор по соло пеење во Државното музичко училиште.Работи и на промоција на училиштето преку социјални медиуми, планирање, организација како и координатор за реализација на јубилеен концерт на ДМУ – Битола 2022 год. Член е на жири комисија за дисциплината – соло пеење, на државни и меѓународни натпревари. [2]

Музичка дејност

[уреди | уреди извор]

Од сценско искуство како професионални компетенции се вбројуваат оперските улоги:

Настапувала и соработувала со: Национален музички театар “С.Македонски”, Софија, Р.Бугарија; Државна опера - Бургас, Р.Бугарија; Врачанска Филхармонија и Видинска Филхармонија, Р.Бугарија; Камерен оркестар – Битола; Битолска Oпера; Битолска камерна опера, како и концертна дејност во Р.Македонија и Р.Бугарија.

Литературна дејност

[уреди | уреди извор]

Децата ѝ се најголема инспирација во творењето, така што се јавува како текстописец на повеќе композиции за детски музички фестивали, детски химни, како и на две музичко-театарски претстави:

  • „Преспанска новогодишна елка“ и „Дома за Велигден“.
  • Автор е и на делото „Велинка“ издадено во „Антолог“, Скопје, 2023 година.
  • „Крилестата дружина во музеј", инкузивната-едукативна алатка/сликовница, музеј Битола, 2024 година.
  • Дел е од уредничкиот тим на книгата „За музиката“ на академик Георги Здравев.[4]

Добитничка е на повеќе државни и меѓународни награди.Покрај за музичките активности носител е и на награди од литературата.

  • Добитник е на наградата „Златно перо 2018“ за збирките поезија за деца „Кажувалки“ и „Крукалезен свет“. Дел е од тимот што ја создаде Детската химна на Битола во 2021 година.
  • Годинешнанаграда за успешна работа во учебната 2020/2021 година [5]

Педагошката дејност

[уреди | уреди извор]

Педагошката дејност ја започнува во 2010 год во ДМУ – Битола. Во досегашната работа остварува настава по соло пеење, вокална техника, прима виста, камерна музика и оркестарска литература. Постојано се усовршува со посета на семинари и обуки. Член е на жири комисија на меѓународни и државни музички натпревари. Со своите ученици остварува многубројни концерти и проекти, од кои се издвојува мултимедијалниот проект: ”Средношколски бербер”. Нејзините ученици се добитници на бројни државни и меѓународни награди.[6]