Машин Ган Кели (рапер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ричард Колсон Бејкер (роден на 22 април, 1990),[1][2][3] познат професионално како Машин Ган Кели (скратено како МГК), е американски рапер, пејач и актер од Кливленд, Охајо. МГК се појавил во музичката кариера уште како тинејџер, објавувајќи еден микс од песни во 2006 година. Подоцна требало да објави уште четири микс песни.

МГК потоа обезбедил договор за снимање со Бед Бој и Интерскоп Рекордс во 2011 година. Неговиот голем деби албум, Лејс ап (Lace Up), бил издаден во октомври 2012 и имал голем број на позитивни критики. Албумот ги содржел сингловите: „Диво Момче“, „Непобедлив“, „Стерео“, и „Почекај, замолчи“, и дебитирал на бројот четири на американската Билборд 200 табела. Подоцна било потврдено дека се продале повеќе од 178.000 копии. Во почетокот на 2015 година, тој ги објавил сингловите „Додека да умрам“ и „Малку повеќе“ за неговиот втор студиски албум, Општи услови за прием, кој бил објавен во октомври 2015 година, а дебитирал на место број четири во САД. Албумот содржел  потемни тонови, рап, рок, Р&Б, и раскажување приказни. Својот трет студиски албум, Блум (Bloom)  бил објавен на 12 Мај, 2017, проследен од страна на "Лошите Работи" (Bad Things) со Камила Кабело, искачувајки се на број 4 на Билборд Хот 100, со што го достигнал неговиот највисок рејтинг.

МГК е исто така и актер,го направил своето филмско деби во 2014 година во романтичната драма Надвор од Светлата (Beyond the Lights). Тој се има појавено во неколку други филмови и имал периодична улога на Шоутајм (Showtime) серија Roadies во 2016 година.

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

1990-2009: Ран живот и почетоци на кариерата[уреди | уреди извор]

Ричард Колсон Бејкер е роден на 22 април, 1990, во Хјустон.  Бејкер и неговото семејство се селиле низ целиот свет и заземале престој во странство од Египет во Германија, со текот на времето живееле и во САД, Чикаго, Денвер, Кливленд.[4] Тие се населиле во Денвер, заедно со неговиот татко, откако неговата мајка ја напуштила куќата, па тие се преселиле во куќата на тетката на Бејкер. Неговиот татко пател од депресија и невработеност,па Бејкер бил малтретиран од другите деца во соседството.[5] Тој почнал да се слуша рап во шесто одделение, кога го посетувал основното училиште Хамилтон, во Денвер, Колорадо.[6] Првите три рапера кој што го навеле во жанрот на хип хопот како дете се Лудакрис, Еминем и DMX, Бејкер стекнал интерес во жанрот по слушање на DMX „Ние токму тука“ од албумот Големата депресија (2001).[7]

По заминувањето на неговиот татко, Бејкер престанал да го посетува училиштето и почнал да смислува уметничко име за себе барајќи мислење од постарите соученици. Во 2005 година, татко му се вратил да ги земе Бејкер и неговата тетка во Кувајт, но биле принудени да се вратат назад во Кливленд, каде Бејкер се запишал во средното училиште „Шeјкер Хајтс“. Додека учел во училиштето, тој убедил локален продавач да стане негов менаџер. Го добил сценското име Машин Ган Кели од страна на неговите фанови. Тој објавил микс од песни „Печат на одобрување“ во 2006 година. Со реализација на миксот од песни тој се здобил со репутација која му овозможила пораст на профилот со што тоа му обезбедило на МГК да почне да врши изведби на локално место во Кливленд.

Во март 2009 година, додека тој бил на работ од тоа да биде протеран, МГК отпатувал во Харлем, во театарот Аполон, каде што тој се здобил со последователни победи, што го прави првиот некогашен рапер победник во театарот „Аполон“. Тој снимал музика во неговото домашно студио во кое што тој се однесувал како „Без кафез“, и почнал да се здобива со изложеност кога тој бил избран на МТВ 2 за слободен стил. Во февруари 2010 година, тој го издал својот втор микс од песни 100 Зборови и трчање, каде што тој ја извел неговата позната песна, „Лејс ап“. И покрај неговото зголемувањето на популарноста, МГК нашол работа во Чипотл за да може да си дозволи изнајмување на стан, бидејќи бил исфрлен од дома од неговиот татко, веднаш по завршувањето на средното училиште. МГК наскоро станал татко.

2009-2012: издавачки договор и „Лејс ап“[уреди | уреди извор]

Во мај 2010 година, тој го направил своето национално деби со синглот „Алиса во земјата на чудата“, кој бил објавен на iTunes и бил придружен со музика и видео, заедно со песната. Тоа било објавено преку Блок Старс Мјузик.[8][9][10] Синглот го довел МГК до „Најдобар артист во среден запад“ во 2010 на музичките награди „Андерграунд“, а неговото видео за „Алиса во земјата на чудата“ освоил награда за „Најдобро музичко видео“ во 2010 година на „Хип-Хоп“ наградите во Охајо. Тој го издал својот втор микс од песни во ноември 2010 година под наслов „Лејс ап“, кој бил пуштен во Кливленд Кавалирс. Миксот од песни бил снимен за три месеца во текот на 2010 година. По објавувањето на миксот од песни, тој бил вклучен во списанието XXL во 2011 година.[11] Тој тогаш се појавил во песната на Џуси Џ  „Дишам“.

Во март 2011 година, МГК учествувал во своето прво SXSW шоу во Остин, Тексас, и во шоуто му пришла Шон Комбс, која му понудила договор за снимање на МГК со Бед Бој Рекордс, кој бил поврзан и имал своја содржина распределена од страна на Interscope.[12] Пред да го потпише договорот, тој учествувал во песната на XV, „Конечно дома“.[13] По потпишувањето на договорот, МГК објавил музичко видео за песната „Диво момче“, во кое бил вклучен Вака Флока Флејм. Дуото се појавило на BET's 106 & Park. Во средината на 2011 година, МГК потпишал договор со Јонг и Реклес Клоутинг. Неговото ЕП Половина гол и речиси познатит било објавено на 20 март, 2012 година, а дебитирал на 46 место на Билборд 200.

Личен живот[уреди | уреди извор]

МГК има дете Чеиси, кое е родено во 2008 година.[14]

МГК има зборувано отворено за неговите претходни две години кога бил зависен од хероин, правејќи песна во која зборува за зависноста со наслов „Lead You On“. Таа песна има големо влијание врз него, и за него таа е најзначајната песна. Тој рапува за слични теми во неговите песни „Алиса во земјата на чудата“ и „Еди Кејн“.[15]

МГК отворено зборувал за неговата употреба на канабис во многу интервјуа, кажувајќи дека тој пуши секој ден, опишувајќи го искуството како „извор на среќа и начин на кој луѓето може да се чувствуваат барем малку повеќе сакани“. Тој  често го споменувал канабисот во неговата музика, што тоа претставува печат на неговиот личен карактер.[16]

МГК наведува дека ДМХ и Еминем влијаеле музички врз него, како и слушањето на рок бендовите, Guns N' roses" и Blink-182 во текот на својата младост. МГК ги наведува доцниот рап и рок изведувачите како главно музичко влијание.[17]

Во однос на неговата политичка филозофија, МГК се идентификува како анархит.[18]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Thomas, Fred. "Machine Gun Kelly Biography". allmusic. конс. September 17, 2017. 
  2. How They Came Up: The Machine Gun Kelly Story“, Indie Hip Hop, 23 јануари 2012 (посет. 8 јули 2015 г).
  3. "Songwriter/Composer: Baker, Richard Colson". Broadcast Music Inc. конс. September 17, 2017. 
  4. XXL Mag April 2011; "Show & Prove" (Machine Gun Kelly)
  5. "Machine Gun Kelly: My Life". machinegunkelly.com. April 22, 2011. Архивирано од изворникот на November 3, 2013. конс. April 24, 2015. 
  6. Cleveland's own MGK is riding a wave of 'raging' rap. The Plain Dealer. Retrieved August 24, 2011.
  7. "Nardwuar vs. Machine Gun Kelly". YouTube. конс. August 25, 2013. 
  8. Twista, Shawnna, Big Sean & Rhymfest Join Forces On "Midwest Block Starz" | Hot 107.5. Hothiphopdetroit.com (April 8, 2010). Retrieved October 9, 2012.
  9. iTunes – Music – Alice In Wonderland by Machine Gun Kelly. iTunes Store.com (August 11, 2010). Retrieved October 9, 2012.
  10. Machine Gun Kelly – Alice In Wonderland. YouTube. Retrieved October 9, 2012.
  11. "Who Can Get Busy": XXL’s Feature On the Growing Trend of White Rappers April 2011 Magazine Excerpt. Xxlmag.Com. Retrieved August 24, 2011.
  12. Video: Machine Gun Kelly – Naked & Almost Famous (Ep.1) Архивирано July 24, 2011, во Wayback Machine.. The Source (March 20, 2011). Retrieved August 24, 2011.
  13. New Music: XV x Machine Gun Kelly "Finally Home". Rap Radar (February 22, 2011). Retrieved August 24, 2011.
  14. Biography. machinegunkelly.com
  15. "MGK talks heroin addiction". Genius. January 1, 2010. конс. May 30, 2015. 
  16. "MGK Smoked A Pound of Weed For This Interview". BroBible.com. January 1, 2010. конс. May 30, 2015. 
  17. "Machine Gun Kelly's 30 favorite albums". Complex. September 30, 2012. конс. June 27, 2015. 
  18. "MGK Doesn't Believe In The Government". September 2, 2012. конс. December 5, 2016.