Прејди на содржината

Машала ибн Атари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Машала гледа во ѕвездите, ракопис од 15 век

Маша алах ибн Атари (околу 740-815), познат како Машала, бил персиско еврејски астролог, астроном и математичар од 8 век.[1] По потекло од Хорасан,[2] тој живеел во Басра (денешен Ирак) за време на владеењето на абасидските калифи ал-Маншур и ал-Мамун, и бил меѓу оние кои ја вовеле астрологијата и астрономијата во Багдад. Библиографот Ибн ал-Надим го опишал Машала „како доблестен и во негово време лидер во науката за ѕвездите“.[3] Машала служел како дворски астролог за калифатот на Абасидите и напишал дела за астрологијата на арапски. Преживеале некои преводи на латински.

Арапската фраза маша алах укажува на прифаќање од страна на верникот на божјата наредба за добра или лоша среќа.

Кратерот Месала на Месечината е именуван по овој астролог.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Како млад Машала учествувал во основањето на Багдад за калифот Ал-Маншур во 762 година, работејќи со група астролози предводени од Персиецот Наубахт за да изберат датум за основањето на градот,[4] и изградбата на опсерваторија.[4] Припишан како автор на 21 дело, претежно за астрологијата,[5] авторитетот на Машала бил воспоставен низ вековите на Блискиот Исток, а подоцна и на Запад, кога астрологијата била пренесена во Европа од 12 век. Неговите списи вклучуваат и она што би било препознато како традиционална хорарна астрологија.

Илустрација на Албрехт Дирер за насловната страница на De scientia motus orbis (1504)

Едно од најпопуларните дела на Машала во средниот век бил космолошки трактат. Овој сеопфатен приказ на космосот по аристотеловите линии, опфаќа многу теми важни за раната космологија. Машала се насочил кон лаичкиот читател и ги илустрирал неговите главни идеи со разбирливи дијаграми. Биле печатени две верзии на ракописот: кратка верзија (27 поглавја) De scientia motus orbis, и проширена верзија (40 поглавја) De elementis et orbibus.[3] Кратката верзија била преведена од Жерар Кремонски. И двете се печатени во Нирнберг, во 1504 и 1549 година, соодветно. Името на ова дело најчесто се скратува на De orbe.

Текстови и преводи

[уреди | уреди извор]
  • За коњукции, религии и луѓе - астролошка светска историја заснована на конјункции на Јупитер и Сатурн.[1] Сочувани се неколку фрагменти како цитати од христијанскиот астролог Ибн Хибинта.[6]
  • Liber Messahallaede revoltione liber annorum mundi, дело за кругот што Земјата го прави околу Сонцето, и De rebus eclipsium et de conjunctionibus planetarum во Revolutionibus annorm mundi, дело за затемнувањата.
  • Раѓањата под неговиот арапски наслов Китаб ал-Мавалид, делумно е преведен на англиски од латински превод на арапски
  • За рецепциите е достапно на англиски јазик од латинското издание на Јоаким Хелер од Нирнберг во 1549 година.

Други астрономски и астролошки записи се цитирани од Сутер и Штајншнајдер.

Ирскиот астрономски трактат[7] се појавува делумно врз основа на средновековната латинска верзија на Машала. Две третини од трактатот се дел-парафразиран текст, дел-превод.

Научникот и астролог од 12 век Абрахам ибн Езра превел две од астролошките трактати на Машалала на хебрејски: Шеелот и Хадрут (Штајншнајдер, „Hebr. Uebers“. стр. 600-603).

Единаесет современи преводи на астролошките трактати на Машала се преведени од латински на англиски.[4]

  1. 1 2 Dodge 1970.
  2. Hill 1994.
  3. 1 2 Sela 2012.
  4. 1 2 3 Dykes 2008.
  5. Belenkiy 2007.
  6. Lorch 2013.
  7. Anonymous 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]