Мачја змија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мачја змија
Mediterranean Cat Snake.jpg
Telescopus fallax from Malta
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Класа: Гуштери
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Семејство: Смокови
Род: Мачја змија
Вид: Мачја змија
Биномен назив
Telescopus fallax
(Fleischmann, 1831)
Синоними[1]
  • Coluber vivax Fitzinger, 1826
  • Tarbophis fallax Fleischmann, 1831
  • Trigonophis iberus Eichwald, 1831
  • Coluber carneus Dwigubsky, 1832
  • Ailurophis vivax Bonaparte, 1837
  • Tarbophis savignyi Boulenger, 1896

Мачја змија (науч. Telescopus fallax) — отровна змија од фамилијата на смоковите (Colubridae) што живее во Македонија[2], по Средоземјето и на подрачјето на Кавказ.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Покрај Македонија, оваа змија се среќава во Италија, Грција (Парос, Антипарос, Турлос, Крит, Калимнос, Самос, Милос, Крф), Албанија, крајбрежна Словенија, Хрватска (вкл. некои јадрански острови), Херцеговина, Црна Гора, јужна Бугарија, Турција, Малта, Кипар, Иран, Ирак, Сирија, Израел, јужна Русија (Кавказ, Дагестан), Ерменија, Грузија и Азербејџан.

Опис и поведение[уреди | уреди извор]

Иако е отровна, мачјата змија не е закана за луѓето бидејќи забите ѝ се наоѓаат на задниот дел од горната вилица, со кои не може да касне човек. Ваквите заби сепак се погодни за усмртување на нејзиниот природен плен.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Оваа змија се храни претежно со гекони и гуштери.

Пленот се каснува и се пушта да си отиде, чекајќи да делува отровот. Потоа го опипува воздухот и со тоа пронаоѓа каде заминало животното. Кога ќе го најде усмртеното или парализирано животно, го голтнува цело, почнувајќи од главата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Aram Agasyan, Aziz Avci, Boris Tuniyev, Jelka Crnobrnja Isailovic, Petros Lymberakis, Claes Andrén, Dan Cogalniceanu, John Wilkinson, Natalia Ananjeva, Nazan Üzüm, Nikolai Orlov, Richard Podloucky, Sako Tuniyev, Uğur Kaya, Wolfgang Böhme, Rastko Ajtic, Varol Tok, Ismail H. Ugurtas, Murat Sevinç, Pierre-André Crochet, Ahmad Mohammed Mousa Disi, Souad Hraoui-Bloquet, Riyad Sadek, Yehudah Werner, Idriz Haxhiu (2009). Telescopus fallax. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2012.2. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. March 22, 2013.  (англиски)
  2. Петковски, С.; В. Сидоровска и Г. Џукиќ (2000/1 г). Биодиверзитетот на фауната на змиите (Reptilia: Serpentes) во Македонија. „Екол. Зашт. Живот. Сред.“ (Скопје) том  7 (1-2): 41-54. http://www.mes.org.mk/PDFs/Journal/Vol%2007/Petkovski%20et%20al.pdf. 
  • SCIBERRAS, A. (2004) The Contribution of Maltese Reptiles to Agriculture. MCAST link issue 9 pg 6.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Arnold EN, Burton JA. 1978. A Field Guide to the Reptiles and Amphibians of Britain and Europe. London: Collins. 272 pp. + Plates 1-40.
    ISBN 0-00-219318-3. (Telescopus fallax, pp. 207-210 + Plate 38, Figures 4a, 4b + Map 120).
  • Fleischmann FL. 1831. Dalmatiae Nova Serpentum Genera. Erlangen, Germany: C. Heyder. 35 pp. (Tarbophis fallax, new species, p. 18).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]