Мачвански Округ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мачвански Округ
Мачвански округ
Mačvanski okrug
Округ во Србија
Местоположба на Мачванскиот Округи во Србија
Местоположба на Мачванскиот Округи во Србија
Држава Србија
РегионШумадија и Западна Србија
Административен центарШабац
Управа
 • НачалникВладан Красавац[1]
Површина
 • Вкупно3,268 км2 (1,262 ми2)
Население (попис 2011)
 • Вкупно298,931
 • Густина91,5/км2 (2,370/ми2)
ISO 3166RS-08
Општини6 и 2 града
Населби228
- Градови5
- Села223
Мреж. местоmacvanski.okrug.gov.rs/macokr


Мачвански Округ (српски: Мачвански округ / Mačvanski okrug) - еден од осумте административни окрузи на Шумадија и Западна Србија. Се протега во западните делови на Србија, во географските области на Мачва, Подриње, Посавина и Поцерина. Според резултатите од пописот во 2011 година, во округот има 298.931 жител. Административен центар на областа Мачва е градот Шабац.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Округот ги опфаќа градовите Шабац и Лозница и општините:

Демографија[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948270.053—    
1953293.169+8.6%
1961311.916+6.4%
1971324.427+4.0%
1981338.247+4.3%
1991339.647+0.4%
2002329.625−3.0%
2011298.931−9.3%
Извор: [2]

Според последниот официјален попис направен во 2011 година, округот Мачва има 298.931 жители. 29,14% од населението живее во урбаните средини.

Етнички групи[уреди | уреди извор]

Етнички состав на Мачванскиот Округ:

Етничка група Популација %
Срби 284.165 95,06%
Роми 4.537 1,52%
Муслимани 1.501 0,50%
Хрвати 327 0,11%
Бошњаци 271 0,09%
Југословени 261 0,09%
Црногорци 185 0,06%
Македонци 150 0,05%
Унгарци 108 0,04%
Други 7.426 2,48%
Вкупно 298.931

Историја и култура[уреди | уреди извор]

Куќата на Вук Караџиќ во Тршиќ
Спомен-костурница на Цер

Во околината на Шабац може да се видат познати споменици, посветени на настани од историјата на српскиот народ: Споменикот на Караѓорѓе и српските херои од Првото српско востание и Музејот на битката кај Мишар, остатоци од античките градови на бреговите на реката Сава: Ново Село, локалитетот на палатата на кралот Милутин и Косанин Град, средновековната тврдина на планината Цер.

Недалеку од Лозница се наоѓа селото Тршиќ, родното место на реформаторот на српскиот јазик и правопис, Вук Караџиќ. Од Тршиќ, пешачка патека води до манастирот Троноша, една од најстарите средновековни задужбини на династијата Немањиќ. Овој манастир од XIV век одиграл важна улога во зачувувањето на српската култура и традиција. Во текот на долг период, особено во текот на четиринаесеттиот век, во него се одржувала традицијата на препишувачка школа за свои и потребите на други манастири. Ова ги зачувало историските и културните документи на српскиот народ.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мачвански управни округ“. Мачвански управни округ. Посетено на 8 август 2021.
  2. „2011 Census of Population, Households and Dwellings in the Republic of Serbia“ (PDF). stat.gov.rs. Statistical Office of the Republic of Serbia. Архивирано од изворникот (PDF) на 14 July 2014. Посетено на 13 јануари 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]