Мат на последен ред

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
abcdefgh
8
Chessboard480.svg
d8 црн круг
g8 црн крал
d7 бел топ
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Со потегот 1.Td8#, белиот задава мат на последниот ред.

Мат на последен редшаховски поим, кој означува мат зададен од топ или дама на последниот ред од таблата, при што матираниот крал не е во можност да отстапи поради тоа што е попречен од неговите фигури (најчесто пешаци) на претпоследниот ред (видете на дијаграмот десно.[1]

Вовед[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
Chessboard480.svg
a8 црн топ
c8 црн топ
g8 црн крал
a7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
b6 црн пешак
c6 црн ловец
a5 црн дама
c4 бел дама
b3 бел пешак
d3 бел топ
a2 бел пешак
c2 бел ловец
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
d1 бел топ
g1 бел крал
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Белиот се заканува да го земе црниот ловец на c6, којшто црниот не може да го брани заради заканата за мат на последен ред со топовите на d1 и d3.

Матовите на последен ред се чести во партиите одиграни меѓу послаби противници. Тоа е така поради тоа што почетниците обично не успеваат да го предвидат неизбежниот мат на последниот ред. Во партиите на повисоко ниво, иако матот не се јавува многу често, играта обично е под влијание на фактот дека шахистот кој треба да потроши време за да се одбрани од матот би можел да биде загрозен од други закани и тактички идеи.

Матовите на последен ред обично се спречени од страна на сојузнички топ или дама кои го заштитуваат последниот ред. Сепак, можно е противникот кој напаѓа да одвлече една од фигурите од нејзините одбранбени задолженија. На левиот дијаграм е прикажан пример во којшто белиот може да одигра и 1.Dxc6, но црниот не смее на тоа да одговори со 1...Txc6, бидејќи би следувало 2.Td8+ Txd8 3.Txd8# (мат на последен ред). Поради тоа, црниот го губи ловецот без соодветна компензација и нема добро продолжение заради заканата да загуби повеќе материјал со 2.Dxa8 или 2.Dxc8; на пример, 1...Da6 2.Dxa8! Txa8 3.Td8+ Txd8 4.Txd8#. Ако црниот се обиде да го заштити последниот ред, така што белата дама и ловец да бидат врзани, белиот би можел да ја сочува предноста од една фигура; на пример, 1...b5 (заштитувајќи го полето d8 со дамата) 2.Df3! (оставајќи го топот на c8 заглавен да го брани топот на а8) или 1...g6 (отворајќи вентил)) 2.Df6! и црниот сè уште не може да земе заради матот на последен ред.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Burgess, Graham (2009), The Mammoth Book of Chess (3rd ed.), Running Press, p. 16, ISBN 978-0-7624-3726-9.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Burgess, Graham (2009), The Mammoth Book of Chess (изд. 3rd.), Running Press, ISBN 978-0-7624-3726-9
  • Hooper, David; Whyld, Kenneth (1992), The Oxford Companion to Chess (изд. 2nd.), Oxford University Press, ISBN 0-19-866164-9
  • Schiller, Eric (1999), Encyclopedia of Chess Wisdom (изд. 1st.), Cardoza Publishing, ISBN 0-940685-93-0

Надворешни врски[уреди | уреди извор]