Маточина
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
| Маточина | |
|---|---|
| Маточина | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Plantae |
| Нерангирано: | Angiospermae |
| Нерангирано: | Eudicots |
| Нерангирано: | Asterids |
| Ред: | Lamiales |
| Семејство: | Lamiaceae |
| Род: | Melissa |
| Вид: | M. officinalis |
| Научен назив | |
| Melissa officinalis Лине[1] | |
Маточина[2], матичина[3], лимониче[4] или пчелник[5] (латински: Melissa officinalis) — многугодишно зелјесто растение од фамилијата усноцветни.[6] Потекнува од земјите околу Средоземното Море, но денес се култивира низ цела Европа и Северна Америка. Маточината има лековити својства.
Ботанички опис
[уреди | уреди извор]Маточината има исправено, разгрането и четириаголно стебло со висина до 50-120 см. Ризомот е многу разгранет.Листовите се спротивни, петиолитни, овални до заоблено-ромбни, засечени и влакнести, темнозелени, срцевидни и назабени. Цветовите се групирани во лажни прстени од 6–12, чашката има долни заби во облик на шило, е долга коса и жлездеста, цветното венче е синкаво-бело или бледо виолетово. Има четири прашници, а толчникот има четириделен горен јајник и долго столбче. Цвета во лето со бели или бледожолти цветови. Листовите имаат благ мирис сличен на лимон-нане. Кон крајот на летото, растението произведува мали, бели цветови полни со нектар кои привлекуваат пчели, оттука и неговото латинско име Melissa (грчки: пчела).Цвета од јуни до август. Плодовите зреат од август до септември. Семето останува одржливо 2–3 години.
Распространетост и живеалиште
[уреди | уреди извор]Маточината е домородна во јужносредна Европа, Средоземјето, Централна Азија и Иран, но сега е одомаќинета во Америка и на други места низ целиот свет.[7][8] Се размножув многу лесно од семе, претпочитајќи богата, влажна почва.[9] Маточината е многу распространета и застапена и во Македонија. Расте во близина на кошници со пчели, во градините и ливадите во шумите. Во парковите се одгледува како декоративна билка, а во градините како лековита билка.
Одгледување
[уреди | уреди извор]Семето од маточина бара светлина и минимална температура од 20 °C за да изрти. Растението расте во грутки и се шири вегетативно (ново растение расте од фрагмент од својот родител), како и со семе. Во зоните со блага умерена клима, стеблата на растението умираат на почетокот на зимата, но повторно никнуваат напролет. Маточината расте енергично.[10] Од 1992 година, Унгарија, Египет и Италија се главните земји производители на маточина.[11] Листовите се берат рачно во јуни и август на северната хемисфера, на ден кога времето е суво, за да се спречи листовите да не поцрнат ако се влажни. Најважната состојка на маточината е етерското масло, кое се добива со дестилација со водената пареа на самата билка која е наберена во фаза на цутење. Убаво мириса, поради што се користи не само во фармацијата туку и во индустријата на парфемите и козметиката.
Употреба во народната медицина
[уреди | уреди извор]Екстрактот од маточина има антибактериски, антивирусни и смирувачки својства. Најчесто се ушпотребува како чај.[12] Се користи и како зачин.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Информации за Melissa officinalis од NPGS/GRIN“. www.ars-grin.gov. Посетено на 2008-03-04.
- ↑ „маточина“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „матичина“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „лимониче“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „пчелник“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Bahtiyarca Bagdat & Coşge 2006, p. 116.
- ↑ NRCS. "Melissa officinalis". PLANTS Database. United States Department of Agriculture (USDA). Retrieved 6 July 2015.
- ↑ Herb Society of America. 2007 Lemon Balm: An Herb Society of America Guide Archived 2015-02-18 at the Wayback Machine
- ↑ Dampney & Pomeroy 1985, p. 36.
- ↑ Herbal Guide to Lemon Balm: Grow, Harvest, and Use a Lemon Balm Plant". Garden Therapy. 2021-03-24. Retrieved 2021-07-29.
- ↑ Axtell & Fairman 1992, p. 211.
- ↑ "Herbal Guide to Lemon Balm: Grow, Harvest, and Use a Lemon Balm Plant". Garden Therapy. 2021-03-24. Retrieved 2021-07-29.
|