Матијас Руст

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Матијас Руст
Роден(а)1 јуни 1968 (1968-06-01) (50 г.)
Ведел, Шлезвиг-Холштајн, Западна Германија
НационалностГерманец

Матијас Руст е германски авијатичар познат по своето илегално слетување близу Црвениот плоштад во Москва на 28 мај 1987 година.

Руст, пилот-аматер прелетал од Финска во Москва, и неколку пати го следела советската противвоздушна одбрана. Меѓутоа, советските ловци не го добиле бараното одобрување да го соборат, и неколку пати бил помешан со пријателско летало.

Руст кажал дека сака да создаде „имагинарен мост“ и да ги намали тензиите помеѓу двете спротиставени страни во Студената војна.