Прејди на содржината

Матилда Израел

Од Википедија — слободната енциклопедија

Матилда Рахами Израел ( 1925 во Битола1943 во Треблинка, Полска) — учесник во НОВ на Македонија, една од жртвите на Холокаустот.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Како ученичка во Битолската гимназија била примена за член на СКОЈ во 1942 година. Собирала народиа помош и се вклучила во борбата против фашистичките бугарски младински организации „Браник“ „Отец Пајсиј“ и други. На 11 март 1943 година, од страна на бугарскиот окупатор била депортирана во концентрациониот логор Треблинка во Полска, каде била задушена во гасна комора.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1070.