Матеј Кантакузин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Матеј Кантакузин
Соимператор на Византија
Владеење1353–1357
Починал(а)15 јуни 1383
ПретходникЈован V Палеолог и Јован VI Кантакузин
НаследникЈован V Палеолог
Придружник наИрина Палеологина
ДинастијаПалеолози
ТаткоЈован VI Кантакузин
МајкаИрина Асенина

Матеј Асен Кантакузин (грчки: Ματθαίος Ασάνης Καντακουζηνός) бил византиски император од 1353 до 1357 година.

Матеј Кантакузин бил син на император Јован VI Кантакузин и Ирина Асенина. Во замена за поддршката што ја дал на својот татко за време на конфликтот со Јован V Палеолог, Матеј ја добил управата на дел од Тракија како личен апанаж и бил прогласен за император во 1353. Од своите тракиски територии водел неколку војни против Душановото царство. Нападот, за кој се подготвувал во 1350 бил запрен од повлекувањето на турските сојузници. Во 1357 бил заробен од непријатели, кои го предале на ривалскиот му император Јован V Палеолог. Принуден да абдицира, тој се преселил во Мореја во 1361 и помагнал на својот брат Мануил Кантакузин во неговата влада. По смртта на неговиот брат во 1380, Матеј Кантакузин управувал Морејското деспотство до назначувањето за нов гувернер на Мореја на Тодор I Палеолог во 1381. Пред целосниот премин на власта во Мореја од фамилијата на Кантакузини кон онаа на Палеолозите, Матеј го пренесел управувањето на својот син Димитар I Кантакузин.