Матеја Свет
Матеја Свет (родена на 16 август 1968 година) е словенечка поранешна алпски скијачка, која се натпреварувала за Југославија од 1984 до 1990 година.
Биографија
[уреди | уреди извор]Свет била родена во Љубљана, Социјалистичка Република Словенија, Југославија. Со својот прв настап во сезоната 1983/1984 година, таа ја освоила првата југословенска женска победа во скијање во февруари 1986 година.
Свет ја освоила титулата во велеслалом на Светскиот куп во сезоната 1987/1988, освоила сребрен медал во велеслалом на Зимските олимписки игри во Калгари 1988 година, освоила три медали на Светското првенство во 1987 година во Кранс-Монтана (бронза во слалом и супер-Г, сребро во велеслалом) и два медала на Светското првенство во 1989 година во Веил – злато во слалом, а подоцна, по дисквалификацијата на бронзената медалистка Кристел Гинјар поради допинг, исто така бронза во велеслалом. Во својата релативно кратка кариера – таа се повлекла на возраст од 21 година поради несогласувања со Скијачката асоцијација на Југославија – постигнала седум победи на Светскиот куп, 22 подиуми на Светскиот куп и 54 најдобри десетини на Светскиот куп. Од 1985 до 1990 година, никогаш не била пониско од 7-то место во вкупниот пласман на Светскиот куп.
![]() | Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |