Мата Милошевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мата Милошевиќ (роден во Белград, на 25 декември 1901 - починат во Белград, на 18 октомври 1997) — југословенски и српски театарски и филмски режисер, актер, писател и воспитувач. Мата бил запишан во матичната книга на родените како Матија Милер, од мајка Марија Сехас, која била Унгарка, и татко фламанскиот гроф Ван дер Сен, кој работел во белгиската амбасада во Белград. Откако ја изгубила работата, неговата мајка била принудена да го даде своето дете на посвојување на брачната двојка без деца Катица и Станка Милошевиќ.

Мата Милошевиќ и Марија Црнобори, 1959 година

Во 1923 година тој го завршил драмското училиште при Народниот театар во Белград. Тој бил глумец и режисер на Народниот театар и Југословенскиот драмски театар во Белград. Со педагошка работа почнал од 1948 година на академијата како наставник по глума. Театарската сцена на академијата го носи неговото име.

Театарски претстави[уреди | уреди извор]

Покрај бројните рецитали и радиодрами, тој режирал претстави што сè уште се паметат:

Награди[уреди | уреди извор]

  • Добитник е на Наградата на Владата на ФНРЈ,
  • 1960, 1962 година и 1964 година бил добитник на наградата Стериина награда за режија во Театарот на Стерија
  • Добитник е на наградата Бранко Гавела
  • Добитник е на Наградата за животно дело „7 јули“.
  • 1994 година добитник на „Прстенот на Добрица“

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Факултет за драмски уметности во Белград
  • Список на српски глумци
  • Список на српски режисери
  • Средби на српските професионални театри Јоаким Вујиќ
  • Список на погребани во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград

Интересни факти[уреди | уреди извор]

  • Од 20 февруари 2000 година Факултет за драмски уметности во Белград ја добил сцената под името „Мате Милошевиќ“, по овој голем уметник на српската глума и режија. Иницијатор на отворањето на оваа сцена бил директорот и професор на Филозофскиот факултет Љубомир Муци Драшчиќ.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]