Мастоцит
| Мастоцит | |
|---|---|
Мастоцит | |
| Податоци | |
| Назнаки | |
| Латински | mastocytus |
| Код | TH H2.00.03.0.01010 |
| TH | H2.00.03.0.01010 |
| FMA | FMA:66784 |
Мастоцитите (познати и како маст клетки) се клетки кои се дел од имуниот систем и играат главна улога во алергиските реакции во организмот. Тие се резидентни клетки на повеќе видови ткива и содржат многу гранули во нивната цитоплазма, кои се богати со хистамин и хепарин (двата главни одговорни фактори кои предизвикуваат алергиски реакции).
Мастоцитите играат важна улога во штитењето на човечкиот организам од патогени и учествуваат во лечењето и заздравувањето на раните. Овие клетки се многу слички со базофилните клетки, и по изглед и по функција, но се разликуваат по тоа што тие потекнуваат од различни лози на клетки.
Мастоцитите, многу често се грешат со Адипоцитите, со тоа што нивното име потсеќа на маст (масно), но ова е погрешен заклучок и треба да се врши диференцијација помеѓу двата поими.
| Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |