Масторава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Масторава

Масторава е мордовска епска песна од Александар Шаронов напишана врз основа на мордовската митологија и фолклор. Била објавена во 1994 година на ерзјански јазик.

Епот Мастораве е типолошки сличен на карело-финскиот еп Калевале, естонскиот еп Калевипоег и латвискиот еп Лачплесис. Тој има концептуална сличност со старогрчки еп. И во двата епа хероите се луѓе-богови, градители на светот, кои придонесуваат на животот на луѓето, во обичаите и правата. Основната идеја на Масторава е дека погледот во иднината низ репродукција на минатото е актуелизација на илјади години старо историско, морално и естетско искуство на луѓето во умовите на луѓето на денешницата.

Песната се состои од пет делови наречени: Простор, Антика, Времето на кралот Тјустриј, Херојско доба и Ново доба. Во мордовската митологија Мастрова била божица на земјата. Името Масторава во буквален превод значи земјена жена, а зборот мастор значи земја.

Во овој еп, Тјуштиј бил земјоделец избран од луѓето да биде крал и водач на Мокшаните и ерзјанските кланови, како и на сојузничките воени сили. За време на неговото владеење, Мордовија се протегала од Волга да Днепар и од Ока до Црно Море.

Во мордовската митологија, Туштиј бил бог на месечината, бил син на богот Гроб и девојката Литова. Тој секој месец ја менува возраста следејќи ги месечевите мени.

Публикации[уреди | уреди извор]

Масторава е објавена на 5 јазика: ерзјански (А. М. Шаронов), мокшански (во превод на М. С. Мојсеева), руски (во превод на А. М. Шаронов), унгарски (во превод на Марија Дуганчи) и фински (во превод на Раи Бартенс).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

http://www.suri.ee/inf/litmoen.html