Масонство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Медал издаден од страна на масонската ложа "Вистина - La Verite" од Скопје, која е под обединенција на Великиот Ориент на Франција

Масонството е братска организација која се појавила кон крајот на 16 и почетокот на 17 век под нејасни околности. Денес , Масонството го има насекаде низ светот во неколку форми и брои околу 5 милиони членови од кои околу 2 милиона се од Обединетите Држави и oколу 480,000 од Англија , Шкотска и Ирска. Сите форми на масонството имаат морални и метафизички идеали кои најчесто вклучуваат конституционална изјава за вербата во Господ. Братството административно,е организитано во Големи Ложи ( или понекогаш Ориенти) и секоја од нив има свое сопствено уредување кое се состои од помали (или основни) Ложи. Сите Големи Ложи се препознаваат меѓусебно преку симболи и бележја. Исто така има и додадени тела кои всушност претставуваат организации кои се поврзани со главната гранка на масонството , но имаат независна управа. Масоните , освен симболичката позадина на градбата на Храмот на Кралот Соломон, ги употребуваат и метафорите на алатите и орудијата за работа на каменоресците за да го пренесат тоа што го опишуваат и Масоните и критичарите како систем од моралност обвиткана во алегорија и илустрирана преку симболите.

Историја[уреди | уреди извор]

Амблемата на првомајсторот зидар Андреја Дамјанов поместена на ѕид во црквата Свети Пантелејмон во Велес

Историјата на Mасонството Постојат голем број дебати и претпоставки поврзани со потеклото и раниот развој на масонството.KilwinningSecond Schaw Statutesye warden of ye lug of Kilwynning [...] tak tryall of ye airt of memorie and science yrof, of everie fellowe of craft and everie prenteiss according to ayr of yr vocations Гус и Кидирон се места каде се основани Големите Ложи на Англија. Првата Голема Ложа ( ГЛА) е основана на 24 јуни 1717 год.кога четирите постоечки Ложи се сретнале на заедничка вечера. Оваа Ложа многу брзо прераснала во регулативно тело на коешто му се приклучиле повеќе Англиски Ложи. Меѓутоа ,неколку ложи кои не се согласувале со модерните промени кои настанале во ГЛА, како што е создавањето на Третиот Степен на 17 јули 1751 год., формирале Голема Ложа- противник која ја нарекле Древна Ложа.Двете Големи Ложи- сопернички , Moдерните (ГЛА) и Древнитесе бореле за превласт сè до 25 ноември 1812 година кога се обединиле и ја формирале (ОГЛА). Масонството се пренело и во Британските колонии во 1730-тите – преку двете ложи „Древните и „Модерните ( како и Големите Ложи од Ирска и Шкотска ) и се создале Ложи ( ќерки) познати како Провинцијални Големи Ложи. По Американската Револуција САД добива независност. Во секоја држава никнувале Гоеми Ложи.Врз основа на некои идеи се создала и „Големата Ложа на Обединетите Држави каде што Џорџ Вашингтон ( кој бил член на ложата од Вирџинија) бил назначен за првиот Голем Господар, но оваа идеа не потрајала долго време. Најстарата јурисдикција на европскиот континент е Големиот Ориент на Франција (ГОнФ) кој бил основан во 1728 година. Во повеќето латински држави се прифаќа Европското Континентално Мсонство ГОнФ , иако во повеќето од овие латински држави има и Големи Ложи кои се во постојани пријателски врски со ОГЛА и заедницата на Големите Ложи низ светот кои што имаат постојани братски врски со ОГЛА. Според распространетоста на Масонството ,во останатите делови на светот повеќе се прифаќа стилот на ОГЛА ,иако постои помал број на варијации на Масонство.

Организациона структура[уреди | уреди извор]

Голема Ложа Големите Ложи и Големите Ориенти се независни и суверени тела кои го водат масонството во одредена држава или географска област ( позната како јурисдикција) . Не постои ни едно управувачко тело кое претседава со Масонството низ светот ; поврзаноста помеѓу различни јурисдикции зависи единствено од меѓусебното признавање.

Масонска Ложа[уреди | уреди извор]

Ложата ( често се нарекува Приватна Ложа или Основна Ложа при Масонското создавање) е основна организациона единица на Масонството. Секоја нова Ложа мора да има Налог или Статут кој го издава некоја Голема Ложа со кој новата ложа добива дозвола да се состане и да почне со работа. Со исклучок на неколку временски прастари Ложи врз основа на кои е формирана Големата Ложа , масоните кои се состануваат во Ложи без да го поседуваат овој документ ( на пример во камповите за воени затвореници ) се сметаат за Таинствени и нерегуларни. Секоја Ложа мора да одржи регуларен состанок на точно одредено место и на одреден датум. Ложата ги избира, ги воведува и ги унапредува своите членови и високите службеници ; гради и управува со својот имот и средства вклучувајќи ги и белешките и записите и може да го поседува или да го дели нејзиниот имот. Како и секоја организација , така и оваа формално работи на договарање состаноци и процедури , генерални годишни состаноци и комитети , добротворни фондови , дописништва и извештаи , чланарини и исплати , сметки и даночни пријави ,специјални настани и услуги и т.н. Степенот на дејствија е различен за секоја Ложа и во согласност со нивното основање и со формите на процедури,

Службеници на Ложи[уреди | уреди извор]

Медија:Службениците на Масонските Ложи Секоја Масонска Ложа избира одреден број на службеници кои ги извршуваат потребната работата за функционирањето на ложите. Уважениот Мајстор (Претседателот на Ложата, Старешина) секогаш се избира од страна на членовите на ложата. Исто така , во повеќето јурисдикции се избира Помлад и Постар Надзорник ( Заменик Претседател ) , Секретар и Благајник. Сите ложи имаат Тајлер или Тилер (кој стражари на вратата од собата каде се одржува состанокот на Ложата). Него го избира Уважениот Мајстор. Ложите избираат и назначуваат голем број службеници – како што се Ѓакони, Служители и Попови (кои за време на состаноците или акциите се назначени да изведуваат молитви кои не се поврзани со верата,но често се назначува и свештеник) . Одредените службеници и нивните функции зависат од јурисдикцијата. Изборите за нови службеници се одвиваат секоја година. Во речиси сите јурисдикции, членот мора да биде на позицијата Надзорник (помлад или постар) барем една година, за да може да биде избран за Уважен Мајстор. На ниво на Провинцијални или Големи Ложи, службениците го додаваат зборот "Голем" на титулата која ја имаат, односно се нарекуваат "Голем Мајстор", "Голем Постар Надзорник", "Голем Помлад Ѓакон" итн.

Масонството Принц Хал[уреди | уреди извор]

Масонството Принц Хал потекнува од историските настани во САД кои водеа до поделба и создавање на Афро-Американско Масонство во Северна Америка. Во 1775 год., афро-американецот Принц Хал бил воведен во една Ирска Конституционална воена Ложа , потоа во Бостон , Масачусетц, заедно со уште 14 други црнци од кои сите биле поборници за слобода. Кога воената Ложа ја напуштила Северна Америка , тие 15 мажи добиле дозвола да се обединат во Ложа и да организираат Процесија на денот на Свети Џон , да прават Масонски погреби , но да не ги откриваат Масонски работи. Во 1784 година овие лица аплицирале и добиле Нагог за Ложа од Првата Голема Ложа на Англија ( ГЛА) и ја формирале Африканската Ложа , Број 459. Кога се формирала ОГЛА во 1813 год. , сите Ложи кои биле основани во САД биле откриени најмногу заради Војната во 1812 година. Големата Ложа , Африканската Ложа се преимеувала во Африканска Ложа , Број 1 и de facto станала Голема Ложа ( оваа Ложа не треба да се меша со другите Големи Ложи кои постојат на Афричкиот Континент) .Што се однесува до останатиот дел на Масонството во САД , Масонството Принц Хал наскоро се зголемило и во секоја држава организирало систем на Големи Ложи. Широко распространетата поделба што постоела во Северна Америка во 19 и почетокот на 20 век, им отежнала на афро – американците да се приклучуваат во ложи надвор од јурисдикцијата на Принц Хал и било невозможна меѓусебно да се признаваат еднаквите Масонски организации. Масонството Принц Хал од секогаш било регуларно во секој поглед освен во конституционалната поделба , но и оваа поделба е намалена во последниве години. Денеска , Големата Ложа Принц Хал ја признаваат само неколку Усогласени Големи Ложи на ОГЛА. Сепак се работи на тоа целосно да се признае Ложата , со тоа што ОГЛА обезбедува барем мал степен на признатост. Бројот на Ложата Принц Хал и Ложата на не-Принц Хал расте и имаат членови од различно етничко потекло.

Други степени , информации и тела[уреди | уреди извор]

Додадени органи на Масонитe[уреди | уреди извор]

Во Масонството , не потои повиск ранг од Мајстор Масон , што всушност е трет степен во масонското рангирање. Меѓутоа ,има голем број на организации кои како предуслов за членство во Ложа од кандидатот бараат претходно да е Мајстор Масон. Овие тела немаа надлежност врз Мајсторството, ниту врз работата на поединечните ложи. Овие поредоци или рангови се додатни и често овозможуваат понатамошни перспективи за некои од симболските , моралните и филозофските содржини на Масонството. Дополнителните тела се управуваат оддвоено од Мајсторските Големи Ложи но имаат Масонски стил со оглед на тоа што секој член мора да е Масон. Меѓутоа , Мајсторските Масонски јурисдикции имаат различни врски со таквите тела , ако воопшто посто некаква врска. Членовите на Унијата на Модерните и Древните мајсторски Големи Ложи (ОГЛА во 1813 год.) го ограничуваат признавањето до одредено ниво , како што е Кралскиот Свод и кавалерското ниво , но постоеле и постојат многу други нивоа кои што биле создадени пред Унијата. Некои тела не се светски признати како додадени тела , туку како самостојни организации кои по некаква случајност барале здружување со Масоните. Некои од овие организации имале и додатни услови, како што е религиската вера ( пр. од членовите се барало да веруваат во Христијанското Тројство ) или членство во други тела. Освен ова , постојат и организации за кои се мисли дека се поврзани со Масонството , но немаат формални или не формални врски со Масонството. Тука спаѓаат организации како што се Оранжискиот Поредок , кој потекнува од Ирска , Витезите од Питиас или Независниот Поредок на Необични Ортаци.

Принципи и активности[уреди | уреди извор]

Масонството често се смета дека е тајно здружение. Самите Масони пак , кажуваат дека поточно е да се каже дека Масонството е мистериозно здружение. Може да се каже дека Масонството во 21 век не е толку тајно здружение колку што е здружение со тајни. Сегашното бележје на модерното Масонство е начинот на признавање помеѓу членовите и посебните елементи на ритуалите. И покрај големите разлики меѓу организациите ,централна преокупација на Масонството сè уште е добротворната работа во локалната заедница или пошироко , морално однесување (во повеќето случаи се бара да се верува во Виша Сила ) како и развојот и одржувањето на братските друштва или, како што е наведено во Уставот на Џејмс Андерсон, помеѓу браќата.

Ритуали , Симболи и Моралност[уреди | уреди извор]

Масоните ги водат нивните состаноци преку ритуали. Не постои само еден Масонски ритуал , и секоја Јурисдикција слободно може да прави или да не прави сопствени ритуали. Меѓутоа , постојат некои сличности помеѓу Јурисдикциите. На пример ,при Масонските ритуали се користи архитектонскиот симболизам на алатите за работа на каменоресците од средниот век. Масоните , како симболички мајстори (повеќе се мисли на теоретска отколку на вистинска структура), го користат овој симболизам за да научат што е можно повеќе морални и етички лекции за принципите на Братска Љубов, Помош и Вистина - или како што е познато во Франција : Слобода , Еднаквост , Братство.

Аголникот и Шестарот гравирани во камен Двата основни симболи на Ложите се аголникот и шестарот. Некои Ложи го објаснуваат значењето на овие симболи како: на пример дека Масоните треба да го насочат нивното дејство кон чесноста и да научат да ги ограничат нивните желби и да ја одржат нивната страст кон сите луѓе во одредени граници. Меѓутоа , со оглед на тоа што Масонството не е догматично, не постои некое општо толкување на овие симболи ( или какви било Масонски симболи кои ги користат Масоните насекаде). Овие морални лекции се применуваат при изведувањето на алегориски ритуали. Ако еден кандидат сака да напредува од едно ниво на друго треба да се спознае себе си, да ја разбере неговата врска со другите и неговата врска со Бог. Философскиот аспект на Масонството се дискутира во Ложите за Подучување или Истражување и понекогаш во неформалните групи , но постојат и податоци за Масоните ( во зависност од степенот на компетентност ) кои се достапни за јавноста. Секој масон може да дискутира за симболите и целта на Масонството. Всушност од сите масони се бара да дискутираат за значењето на масонството како услов за унапредување во Ложата. Сепак , ниедно размислување не се прифаќа како универзално и никој не може да зборува во името на Масонството, без разлика на неговиот ранг во ложата. Некои ложи користат "Плоча за цртање". Тие претставуваат нацртани или испечатени илустрации кои ги отсликуваат различните симболи и знаци на Масонството. Овие плочи може да се употребуваат како помошни материјали за време на предавањата што ги држат поискусните членови кога им ги објаснуваат различните концепти на Масонството на новите членови. Овие предавања се својствени за сите три нивоа. Исто така, искусните членови ги користат за да се потсетат на концептите кои ги научиле кога биле почетници во Масонството.

Вишата Сила и Книгата на Светиот Закон[уреди | уреди извор]

Масонскиот симбол "Окото на провидението" поместен на таванот во преддверието на црквата Свети Никола во Куманово

Од кандидатите на регуларното Масонство се бара јавно да изјават дека веруваат во Виша Сила. Меѓутоа, од нив не се бара да даваат дополнителни податоци или да ја објаснуваат својата вера во Бога. Секакви дискусии за политика и религија се забранети во Масонските Ложи, делумно заради тоа да не се најде некој Масон во ситуација да мора да го оправдува неговото лично толкување и за да се сочува хармонијата меѓу браќата. Како резултат на тоа, Виша Сила за Христијански Масон значи Христијанското Тројство , за Муслимански Масон – Алах , за Индиски Масон – Пара Брахман и т.н. И додека повеќето Масони, Вишата Сила ја поистоветуваат со Бог, други посложено или пофилозофски го толкуваат значењето на овој термин. Во ритуалите , Вишата Сила се спомнува како Голем Архитект на Универзумот, со што се објаснува употребата на архитектонските симболи на Масонството. Книгата на Светиот Закон секогаш е отворена во Ложите во оние јурисдикции во кои се бара да се верува во Виша Сила. Во земјите каде што се зборува англискиот јазик, Книгата на Светиот Закон всушност е Верзијата за Библијата на Кралот Џејмс или некој друг стандарден превод. Не постои некоја стриктна Масонска Библија. Во многу Француски Ложи кои работат под јурисдикција на ГОнФ, наместо тоа се користат Масонските Устави. ОГЛА ги отсликува сличностите на правната практика во Велика Британија и на заедничкиот извор на други заклетви кои се појавиле. Во Ложите чии што членови имаат различна вероисповед може да се користи повеќе од една Света Книга.

Дипломи Во 19 век , Масоните давале вакви сертификати со цел да може да се докаже дека еден член ги поминал трите нивоа на Масонството во регуларна ложа. И ден денес, некои јурисдикции издаваат вакви дипломи.

Степени (масонство)[уреди | уреди извор]

Трите степени на Мајсторската или Сината Ложа на Масонството се следниве: 1.Ученик – ниво на почетници преку кое еден човек може да стане Масон; Во ова ниво се учат основите на масонството - добротворноста, односот кон братството и се обрнува внимание на основната симболика и уреденоста на ложата. 2.Калфа – средно ниво, каде што се почнува со учење; Во ова ниво акцентот се става врз изучувањето на науките и уметностите, како предуслов за понатамошен развој на личноста. 3.Мајстор Масон – третото ниво, кое претставува заокружување на масонското учење; Во ова ниво акцентот е ставен на себе спознавањето, и на филозофско-езотеричките аспекти на масонската симболика. Степените го претставуваат нивото на личниот развој. На ниту еден Масон не му се кажува дека постои само едно значење на симболите. Со оглед на тоа што Масонството функционира преку нивоа и предавања , самите Масони ги толкуваат симболите врз основа на Уставот на Ложата на која се членови. Заедничката структура на симболите и универзалните архитипови, создаваат средства преку кои еден Масон може самиот себе да си одговори на важните филозофски прашања за живтот. Мајстор Масон е највиот степен кој може да се достигне во Масонството. Постојат некои странични Масонски организации и поредоци каде има таканаречени "повиски" степени кои се означуваат со броеви. Овие степени повеќе се дополнување на степенот Мајстор Масон отколку што се повисоки степени. Пример за тоа е Шкотскиот Обред каде што има од 4° до 33°. Тоа не значи дека 33-тиот степен е повисок од 3-тиот степен, туку напротив - изедначени се. Тие се раководат од паралелниот систем на Мајстоските или Сините Ложи на Масонството. Кај секоја организација постои систем на ритуали преку кој се доделуваат соодветните рангови. Кај некои јурисдикции, особено оние во Европа , Масонството функционира така што за да се постигне одреден степен треба да се направи семинарска работа на некоја тема од филозофијата и јавно се брани пред Ложата. Има огромна библиографија на Масонски трудови , списанија и книги кои може да содржат од имагинативни извадоци со духовни и морални лекции на различни вредности , преку практични прирачници за организирање, управување и изведување на ритуали , до сериозни историски и филозофски трудови.

Знаци, начини на поздравување и зборови[уреди | уреди извор]

Масоните користат знаци (гестикулации) , начини на поздравувања (ракувања) и зборови за да се добие дозвола за присуство на состаноци и за да се идентификуваат легитимните посетители. Од раниот 18 век па навака , напишани се многу експозеа каде што се тврди дека е откриено значењето на овие знаци , поздравувања и шифри. Намерно се воведе правилото да се кажат одредени зборови за време на ритуалите , за да може да се откријат оние кои се не се членови на Ложата. Меѓутоа , со оглед на тоа што секоја Голема Ложа може слободно да создава сопствени ритуали, знаците, начинот на поздравување и шифрите се различни во сите јурисдикции. Големите Ложи може да ги менуваат ритуалите одвреме-навреме , го надоградуваат јазикот кој го користат со тоа што додаваат или одземаат одредени делови. Така, секое експозе може да биде валидно само во одредени јурисдикции во одредено време и секогаш е тешко да го дешифрираат оние кои не се во Ложата. Денес , од еден непознат посетител може да се бара да покаже сертификат , членска книшка или други документи за членство како и тоа да покаже дека ги познава знаците, начинот на поздравување и шифрите.


Масонството и Жените[уреди | уреди извор]

Уште со усвојувањето на Уставот на Андерсон во 1723 година , регуларните Масони прифатиле дека само мажите може да станат Масони. Повеќето Големи Ложи не прифаќале жени затоа што мислеле дека ќе ги злоупотребат древните Знаменитости. Иако некои жени, како на пример Елизабет Адворд , биле примени во некои наводни Британски ложи пред 1723 година, сепак , фицијално, регуларното Масонство и понатаму се ограничува само на мажи. Иако жените не можат да станат дел од регуларното Масонство , сепак има многу феминистички редови кои се поврзани со регуларното Масонство и нивни дополнителни тела како што е Редот на Источната Ѕвезда](Order of the Eastern Star), Редот на Амаранд([Order of the Amaranth]), [Белиот Храм од Ерусалим] ([White Shrine of Jerusalem]) , [Општествениот Ред на Буцеан]([Social Order of Beauceant]) и [Ќерките на Нил]([Daughters of the Nile]).

Спротивставување и криткување на Масонството[уреди | уреди извор]

Антимасонство Антимасонството се дефинира како спротивставување на Масонството.Сепак , не постојат еднакви антимасонски движања. Антимасонството се состои од радикално различен критицизам кој понекогаш потекнува од спротивставени групи кои се непријателски настроени спрема Масонството. Тука спаѓаат религиозни и политички групи како и теориите за заговор.


Религиско Спротивставување Масонството е тема на критики кои потекнуваат од теократски држави и религиски групи кои наводно тврдат дека Масонството и се спротивставува на религијата или дека Братството не е ортодоксно и долго време било цел на теории на заговори при што се смета дека Масонството претставува мистична и зла сила.

Христијанството и Масонството[уреди | уреди извор]

Христијанството и Масонството и Католицизмот и Масонството

Иако некои членови од различни вери се против Масонството , одредени Христијански деноминации, имаат негативен став кон Масонството и им забрануваат своите верници да бидат Масони. Римо- Католичка Црква е една од најстарите цркви кои најдолг период му се спротивставуваат на Масонството. Овие спротивставувања на Римо – Католичката Црква се базираат на наодите дека Масонството проповеда натуралистичко – деистичка религија која се спротивставува на Католичката доктрина. Голем број на папски проповеди биле против Масонството. Првиот кој бил против бил Папата Климент XII од Еминенти , 28 април 1738; најскоро беше и Папата Лео XIII Аб Апостоличи , 15 октомври 1890 година. Кодексот на Канонскиот Закон од 1917 година експлицитно кажува дека придружувањето на Масонството автоматски ќе предизвика екскуминација ( исклучување од црквата). Кодексот на Канонскиот закон од 1917 год., исто така забранува книги кои се поврзани со Масонството. Во 1983 , Црквата издава ново Правило на Канонскиот закон. За разлика од претходниот Канонски Закон , во овој закон Масонските редови не се набројани меѓу тајните здруженија кои Црквата ги осудува. Делумно тука се кажува дека : ,, Лицето кое е дел од здруженија кои прават загвори против Црквата ќе биде казнето со правична казна. Лицето кое промовира или создава такви здруженија ќе биде казнето со забрана (да учествува во црковната служба). Овој пропуст предизвика и Католиците и масоните да веруваат дека забраната на Католиците да станат Масони може да не важи повеќе , особено по забележливата либерализација на Ватикан II. Основачот на Слободната Матодичка Црква , Б.Т. Робертс беше гласен противник на Масонството кон средината на 18 век. Робертс му се спротивставуваше на здружението на морална основа и изјавил: ,, Господ на ложата не е Господ од Библијата . Робертс верувал дека Масонството е ,, мистична или ,, алтернативна религија и проповедаше верниците на неговата црква да не ги подржуваат свештениците кои биле/се Масони. Една од ,,слободите врз која е основана Слободната Методичка Црква , е слобода од тајни здруженија.


Исламот и Масонството Многу Исламски аргументи против Масонството се блиско поврзани со Анти Семитизам и Анти Ционизам ,иако постојат и други критики како што е поврзувањето на Масонството со Даџал (Dajjal). Некои муслимани кои се против Масонството кажуваат дека Масоните ги застапуваат интересите на Евреите во светот и една од целите на Масонството е повторната изградба на Храмот на Соломон во Ерусалим откако ќе се разруши џамијата ел –Акуса. Во член 28 на нивниот Завет , Хамас кажува дека Масонството , Ротарството и други слични групи ,, работат во интерес на Ционизмот и во согласност со неговите инструкции.... Во многу земји каде што има голем број на Муслиманска популација ,не е дозволено да се создаваат Масонски Ложи во нивната јурисдикција. Сепак, во земји како Турција и Мароко постојат Големи Ложи, додека пак , во земји како Малезија и Либан постојат Региони на Големи Ложи кои работат под налог на некоја постара Голема Ложа. Во Ирак имало голем број на ложи , уште од 1919 година , кога се отворила првата голема ложа во Басра под раководство на ОГЛА и понатака кога земјата била под Британска Окупација, веднаш по Првата светска војна.


Холохаустот[уреди | уреди извор]

Масонството под апсолутистички режими и (Масонството) Liberté chérie Зачуваните записи на Reichssicherheitshauptamt (Главната Канцелатија за Безбедност на Рајх) покажаа дека имало прогонување на Масоните. РСХА Амт VII ( Пишани Записи) ги надгледуваше Професорот Франц Сикс и РСХА Амт VII беа одговорни за ,,идеолошките задачи наменети за создавање на антисемитски и антимсонски пропаганди. Иако бројот точно не се знае, сепак се проценува дека за време на Нацистичкиот режим биле убиени околу 80.000 до 200.000 Масони. Масоните биле затворени во концентравиони логори како политички затвореници и носеле превртен црвен триаголник. Малечкото сино цвеќе не - заборавај -ме најпрво го користела Големата Ложа Зур Соне во 1926 година, како масонски амблем на годишната конвенција во Бремен , Германија. Во 1938 година беџот со цвеќето незаборавник , кој беше направен од истата фабрика што ја направила масонската значка , била избрана за годишен Winterhilfswerk на Нацистичката Партија ,Нацистичка добротворна организација која собирала пари со цел другите парични средства на државата да може да се ослободат и да се користат за повторно вооружување. Оваа случајност овозможи Масоните да носат не – заборавај – ме значки како таен знак за членство.