Масовност, патогеност и вируленција

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

За да настане една инфекција важно е нејзината масивност од една страна и патогеоста и вируленцијата од друга страна, доколку инфекцијата е масовна ќе дојде до инфекција и обратно.
Под вируленција се подразбира способност на микроорганизмите да лачаат егзотоксин или да ослободуваат ендотоксин после нивното распаѓање. Ако вируленцијата е појака побрзо ќе дојде до инфекција и инфективна болест. Вируленцијата е стекната особина и може да се менува. Ако патогените микроорганизми се култивираат на хранителни подлоги или се изложени на дејството на различни физички и хемиски фактори тие за кратко време можаат да ја изгубаат или намалаат својата вируленција.
Патогеноста се дефинира како постојана способност на патогените микроорганизмите да предизвикуваат болест, тоа е вродена особина и немеоже да се менува. Некои патогени микроорганизми имаат слаба вируленција а јака патогеност.(Пример:Бацилите на тетанус имаат јака патогеност, затоа што излачуваат јак егзотоксин, од ова можеме да заклучиме дека патогени микроорганизми се оние кои излачуваат егзотоксин отколку оние кои што ослободуваат ендотоксин после нивното распаѓање.