Масовна повеќеиграчка семрежна игра

Од Википедија — слободната енциклопедија

Масовна повеќеиграчка семрежна игра (англиски: Massively Multiplayer Online Game), скратено MMOG или MMOсемрежна игра во која голем број играчи дејствуваат едни со други во „постојан“ играчки свет, расположен на играчки сервер.[1][2] Главната разлика помеѓу MMO и повеќестандардни семрежни игри се два фактори:

  • MMO работи исклучиво преку семрежјето — стандардните повеќеиграчки игри можат да работат, покрај семрежјето, и преку месна мрежа.
  • ММО се играат истовремено од неколку десетици до илјадници луѓе што имаат можност да општат едни со други — бројот на истовремени учесници во стандардните повеќеиграчки игри обично се движи од неколку стотици до неколку десетици луѓе.

Главни видови на ММО[уреди | уреди извор]

По жанр[уреди | уреди извор]

Семрежните игри се поделени на два големи вида:

  • Служба „Барање на соиграч“, односно играње пукачки игри од прво лице, автосимулатори и други традиционални игри со можност за наоѓање соиграч на семрежјето (ова не вклучува шах, покер итн.).
  • Семрежен свет (англ. Online World) — игра во која суштествуваат голем број ликови во еден виртуелен свет. За возврат, семрежните светови може да се поделат на:
    • MMORPG — масовна повеќеиграчка игра со улоги.
    • MMOFPS — масовна повеќеиграчка пукачка игра од прво лице.
    • MMOSG — масовна повеќеиграчка друштвена игра.
    • MMORG — масовна повеќеиграчка тркачка игра.
    • Масовна стратегиска игра (како воена, така и економска). Како подвид: спортски менаџери.
    • Масовни квизови.
    • И други, поретки видови. На пример, воени симулатори, авиосимулатори и авиоразводни служби.

Често, границите на жанровите се нејасни. На пример, во многу современи MMOFPS има RPG-состојки — играчот може да подобри различни особености на неговиот лик, да отклучи ново оружје и опрема, и да научи вештини.[3]

Според видот на клиентот[уреди | уреди извор]

Клиентската програма може да биде:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Definition of mmo | Dictionary.com“ (англиски). www.dictionary.com. Архивирано од изворникот на 2019-07-10. Посетено на 2019-07-10. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  2. Robert Earl Wells III. „What Does MMO Mean? All About the Most Popular Video Game Genre“ (англиски). Lifewire. Архивирано од изворникот на 2019-07-09. Посетено на 2019-07-10. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  3. Majhi, Samir Saurav (2011-05-23). „16 Different Types of Massively Multiplayer (MMO) Online Games“. Dragon Blogger Technology (англиски). Посетено на 2022-10-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]